Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ), Министерството за транспорт и врски, МВР и Јавното претрпијатие за државни патишта денеска ја промовираа веб-апликацијата „Мој пат“, која ќе им овозможи на учесниците во сообраќајот да пријават недостатоци на патиштата.
Министерот за транспрот и врски, Горан Сугарески, на промоцијата истакна дека оваа веб-алатка ќе придонесе за воспоставување ефикасен систем за одржување на патната инфраструктура во државата и за зголемување на безбедноста во сообраќајот.
– Сите пријавени недостатоци во понатамошниот период ќе се отстрануваат во согласност со приоритетите и со капацитетите на институциите надлежни за тоа. Со тоа ќе создадеме еден ефикасен систем на одржување на патната инфраструктура во државата – изјави Сугарски.