fbpx

Се реконструира стариот, ќе се гради нов пат од Струмица до бугарската граница

Регионалниот пат Струмица - Ново Село се рехабилитира во должина од 12,3 километри, а вредноста на инвестицијата изнесува 1,8 милиони евра. Се менува дотраениот асфалт на коловозот со нов

-

Државата ќе инвестира во изградба на нов експресен пат од Струмица до македонско – бугарската граница кај граничниот премин Ново Село. Ова во изјава за медиумите го истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, кој заедно со директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов денеска беа на увид во рехабилитацијата на регионалниот пат Струмица – Ново Село.

Регионалниот пат Струмица – Ново Село се рехабилитира во должина од 12,3 километри, а вредноста на инвестицијата изнесува 1,8 милиони евра. Се менува дотраениот асфалт на коловозот со нoв.

– Практично, ако тргнете од Скопје кон Истокот или Југоистокот, го изградивме автопатот до Штип, интензивно работиме на експресниот пат Штип – Радовиш, еве го рехабилитираме и патот од Струмица до Ново Село, така што имаме брза врска до цел регион, што е од огромно значење за економскиот раст на земјата – изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...