Таг: мерки

таг: мерки

Град Скопје апелира на помасовно користење на јавниот превоз

Градот Скопје смета дека има голем простор за помасовно користење на бесплатниот јавен превоз од граѓаните и апелира да се остават автомобилите и да се користат бесплатните услуги на јавните превозници, во период на голема загаденост на воздухот. Од градската администрација велат дека доколку дозволат временските услови, ќе ги прскаат градските улици со средството калциум магнезиум ацетат, но дека нема да...

„Еко-свест“: Потребни се храбри мерки кои ќе се спроведат итно иако се непопуларни

Граѓаните на Скопје повеќе од 10 дена дишат воздух кој е екстремно загаден, што претставува сериозна закана за здравјето на сите, без разлика на возраста и на здравствената состојба, велат од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“. Според нив, потребни се храбри мерки кои ќе се спроведат итно и покрај тоа што се непопуларни. „Ја поздравуваме веста од...

Манчевски: Град Скопје нема предвидено пари за мерки против загадувањето

Дел од предлог-мерките против загадувањето на воздухот на Град Скопје се коректни, но има и такви што не одговараат на поднебјето на Скопје, а странските консултанти конечно го натераа Коце Трајановски да признае дека нема ништо направено за намалување на загаденоста на воздухот, вели Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ. - Сепак, главниот проблем останува. За спроведување на овие мерки, потребни се...

СДСМ: Итно да се преземат мерки за загадувањето, особено поради грипот

„Огромно е загадувањето и на ниска температура. Власта во заминување досега не презема ништо против загадувањето, поради што болниците се преполни со хронични болни, но и со деца. Има и жртви“, вели Пеце Мирчески, претседател на комисијата за животна средина и член на извршниот одбор на СДСМ. - Синоќа на мерната станица Битола 2 измерени беа дури 808 микрограми ПМ10-честички...

Поради грипот, распустот на учениците продолжен до 23 јануари

Распустот за учениците ќе биде продолжен до 23 јануари, односно наместо на 18, второто полугодие од оваа учебна година ќе почне на 23 јануари. Ова денеска го соопшти министерот за здравство, Никола Тодоров, како една од мерките за намалување на ширењето на грипот во земјава. Покрај продолжувањето на распустот, како мерки се предвидени и секојдневна дезинфекција на автобусите во јавниот...

Костовска: Има 15.800 лица заболени од грип, но бројката сигурно е поголема

Вкупно 15.800 лица заболени од грип побарале помош во здравствените установи заклучно со минатиот петок, информираше на прес-конференција државниот советник во Министерството за здравство, Јованка Костовска. - Од податоците што ги имаме во Институтот за јавно здравје, до минатата недела се пријавиле околу 9.500 заболени од грип. Сигурно оваа бројка е многу поголема бидејќи има и такви кои не биле на лекар и се...

Комисијата за заразни болести со препораки за грипот, 7.800 лица се заболени во декември

Комисијата за заразни болести информираше дека во системот „Мој термин“ во декември биле евидентирани повеќе од 7.800 лица заболени од грип и очекуваат тој број да се зголеми. На седницата одржана вчеравечер, донеле неколку препораки меѓу кои и да се изврши темелна дезинфекција на сите детски градинки и училишта, како и континуирано да се одржува зголемено ниво на хигиена и почесто да...

Битолските советници се скараа за тоа кој прв предложил мерки за загадувањето

Денешната расправа во Советот на Општина Битола за справување со загадувањето, од самиот почеток наликува на пародија. Власта и опозицијата се впуштија во дуел за тоа кој прв предложил мерки против аерозагадувањето. Откако советничката на ВМРО-ДПМНЕ, Олга Лозановска, излезе да ги образложи краткорочните и долгорочните мерки, нејзината колешка од опозицијата, Наташа Петровска од СДСМ, веднаш се побуни. - Кој беше предлагач за оваа...

В среда протест против загадувањето на воздухот

Група граѓани и еко-активсти в среда, во 17 часот, во Градски парк ќе одржат протест против енормното загадување на воздухот, кое во одредени денови и до 20 пати ги надминува дозволените вредности. „Загадувањето на воздухот е најголемо досега! Дури и до 20 пати над нормалата! Болестите и смртноста поради загадениот воздух драстично се зголемуваат. Најмногу страдаат децата, кои секојдневно се...

Битолскиот Совет ја одложи расправата за мерките против загадувањето

Советниците во Советот на Општина Битола денеска се откажаа од расправата за донесување краткорочни мерки против загадувањето во Битола, иако градот со денови е меѓу најзагадените во земјата. Опозицијата предложи неколку конкретни мерки, но советниците од власта инсистираа да се повикаат стручњаци и подетално да се подготват материјалите за расправа во вторник, за кога е закажано продолжението на седницата. Опозицијата...

Европската комисија предлага построги мерки во борбата против финансирање тероризам

Европската комисија предложи повеќе мерки за поефикасна борба против финансирањето тероризам и организираниот криминал, како и за зајакнување на соработката помеѓу земјите членки со поголема размена на информации. Комисијата предложи директива со која перењето пари ќе се третира како кривично дело, при што се вклучуваат низа мерки за воспоставување минимални правила за дефинирање на кривичните дела и на санкциите поврзани со...

Манчевски: Властите да спроведат итни мерки за намалување на загадувањето

Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, побара градската и централната власт веднаш и без одложување да спроведат итни мерки што ќе го намалат загадувањето на воздухот. Мачневски побара да се воведе бесплатен јавен превоз за сите граѓани на Скопје, привремено да се запрат сите градежни активности на територијата на градот, како и училишниот распуст да почне порано од предвиденото. Од СДСМ, меѓу другото,...

Повеќе од 4 милиони евра за мерки против загадувањето на воздухот во 2017 година

За 2017 година, предвидени се повеќе од 4 милиони евра за конкретни мерки и активности што ќе придонесат за намалување на загаденоста на амбиенталниот воздух во Скопје, се вели во соопштението на Град Скопје. Оттаму информираат дека за подигнување на нови зелени површини и за посадување нови дрвја предвидени се 80 милиони денари, за изработка и за реализација на програми, планови и стратегии...

Бизнисмените очекуваат институциите да функционираат и да се реши кризата

Домашниот бизнис во текот на 2016 година, поради политичката криза и нефункционирањето на институциите, изгуби драгоцено време и можност да оствари позначителен пораст. Ова, меѓу другото, беше кажано на дискусијата на седницата на управниот одбор на Организацијата на работодавци на Македонија (ОРМ), на која се оценуваше годината што изминува и воедно се даваа предлози што ќе бидат доставени до Владата и...

ЛДП: Постојат решенија за намалување на загадувањето на воздухот

Државни инвестиции во производство на енергија од обновливи извори, итна забрана на увоз на стари возила, стимулација на користење на електрични возила, изградба на подземни сообраќајници во големите градови, се некои од мерките кои Либерално-демократската партија ги предлага за да се намали загадувањето на воздухот. - Загадувањето на амбиентниот воздух е една од најголемите закани по здравјето на граѓаните. Веќе...

Град Скопје: Не проветрувајте, загадено е!

За да се избегне загадувањето на воздухот, Град Скопје ги повикува граѓаните да го користат јавниот превоз, да не ги користат автомобилите без поголема потреба, а кога ги користат, да се возат повеќе лица истовремено. Град Скопје апелира граѓаните да го сведат своето движење на отворен простор само на неопходни излегувања, а одделни категории од населението, како што се малите...

Протест на грчките пензионери

Илјадници грчки пензионери излегоа денеска во центарот на Атина во знак на протест против владината мерка за намалување на пензиите. Лути поради одлуката на владата, пензионерите маршираа до министерството за труд и побараа средба со министерот за да му ги образложат своите барања за враќање на пензиите на претходното ниво. Илјадниците пензионери пред министерството ги собраа сите информативни листови доставени до нив со...

Заев: За младите ќе направиме студентски град во Скопје

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје се сретна со студенти пред кои промовираше мерки за младите што, како што посочи тој, СДСМ ќе ги реализира откако ќе дојде на власт. - Денеска ја претставивме мерката за студентскиот град во Скопје, со модерни архитектонски решенија за студентските домови, со инкорпорирани фитнес-сали, кино-сали, библиотеки, ресторани, и сето...

Манчевски: Прв чекор за намалување на загадувањето е смената на власта

Наместо краткорочни и ненавремени мерки, потребен е сериозен пристап во решавање на проблемот со загадување на воздухот, вели потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски. Манчевски вели дека СДСМ ќе го врати зеленилото во градските средини преку зголемување на задолжителниот процент на зеленило во Законот за просторно и урбанистичко планирање, а гасификацијата на Скопје ќе биде нивниот стратешки проект. - Во сообраќајот ќе...

СОНК: СДСМ го урива нашиот углед

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) обвини дека СДСМ прави повреда на уставно загарантираното право на синдикално организирање и активност, а во исто време со притисоците што ги врши врз СОНК прави кривично дело. „Вчудоневидува фактот што потпретседател на СДСМ преку прес-конференција, одржана на 23 септември, вршеше невиден напад врз најголемиот синдикат во државата, а на протестот организиран од страна...

Македонските стрип-автори меѓу најбројните на Меѓународниот салон во Белград

На 21. Меѓународен салон на стрип во Белград, кој од 26 до 29 септември се одржува во Студентскиот културен центар, македонските учесници традиционално се меѓу најбројните. На распишаниот стрип-конкурс...