fbpx

Европската комисија предлага построги мерки во борбата против финансирање тероризам

-

Европската комисија предложи повеќе мерки за поефикасна борба против финансирањето тероризам и организираниот криминал, како и за зајакнување на соработката помеѓу земјите членки со поголема размена на информации.

Комисијата предложи директива со која перењето пари ќе се третира како кривично дело, при што се вклучуваат низа мерки за воспоставување минимални правила за дефинирање на кривичните дела и на санкциите поврзани со перењето пари.

На тој начин би се пополниле празнините во законодавството и криминалците би се спречиле да ги злоупотребат разликите помеѓу националните прописи.

Комисијата, исто така, предлага построга контрола на внесување и на изнесување готовина во ЕУ за износи поголеми од 100.000 евра. Таквиот износ мора да се пријави и да се докаже неговото потекло и намена.

Помеѓу предложените мерки се и замрзнување на финансиските средства на терористите и одземање на нивниот имот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

МВР: Гласачки ливчиња се фотографирале и во Штип и Сопот

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти за нови случаи во кои се фотографирале гласачки ливчиња во текот на денешното гласање. Во 14 часот било пријавено дека на избирачко место во...