Таг: мерки

таг: мерки

Спасовски: Правиме сè што можеме да откриеме каде се наоѓаат Грујовски и Бошкоски

Поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски, и Никола Бошкоски, вработен во УБК, и понатаму се во бегство, а службите во МВР ги преземаат сите мерки за нивно пронаоѓање, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. - Во однос на двајцата вработени во МВР за кои е поднесено обвинение и кои се во бгество, се преземаат сите можни мерки...

Арсовска: Бизнис-мерките што ги испорачавме се приоритетни, ги баравме и претходно

Владиниот економски тим предводен од премиерот Зоран Заев изминатиот период оствари средби со претставниците на стопанските комори во државата, за да се запознае со барањата на бизнисмените и да се увиди потребата од носење итни мерки за подобро функционирање на бизнисот. Вчера тие одржаа средба со Стопанска комора на Северозападна Македонија, а претходно имаа деловен појадок со Сојузот на стопански комори...

ВМРО-ДПМНЕ: Симптомите на починатите лица биле третирани крајно несериозно

За само три дена, негрижата и неспособноста на министерот за здравство, Арбен Таравари, однесе два човечки животи на возраст од 23 и од 47 години, а според нашите информации, во животна опасност се уште шест лица кои се во моментов на Клиниката за инфективни болести, изјави на прес-конференција Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ. Таа додаде дека изминатите неколку дена симптомите кај веќе...

Германија најави воведување мерки против Турција

Германското министерство за надворешни работи ќе издаде безбедносно предупредување до граѓаните на Германија кои планираат да патуваат во Турција. Ова е една од мерките против Анкара што денеска ги најави шефот на германската дипломатија, Зигмар Габриел, по апсењето на активисти за човекови права во Истанбул, од кои еден е германски државјанин. „Имајќи ги предвид зачестените случаи на произволни апсења на...

Поповски и Прибе разговарале за владиниот план за реформи во медиумската сфера

Министерот без ресор задолжен за комуникација, отчетност и за транспарентност, Роберт Поповски, денеска имал средба со експертската група на Европската Унија предводена од Рајнхард Прибе, на која било разговарано за мерките и за планот на Владата за реформите во медиумската сфера. Поповски, како што соопштија од Владата, во елаборацијата на чекорите и на мерките што се преземени од периодот од...

Во наредните три дена да се ослободат од работа бремените жени и хронично болните

Поради информацијата дека во наредните три дена земјава ќе биде зафатена од многу висока температура од портокалова фаза, Министерството за здравство препорачува од работни обврски да бидат ослободени бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години. Министерството на работодавците им препорачува да го реорганизираат работното време во насока на избегнување активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот....

Мицкоски: Ветувањата кои ги даде новата влада мора да се реализираат со рокови

„Невработеноста падна на рекордно најниско ниво и сега изнесува 22,9 проценти. Тоа е разликата помеѓу напорното работење на ВМРО-ДПМНЕ и деструктивните политики на СДС“, изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференција. Според него, „ваквите резултати не се постигнуваат со манипулации и со креирање лажни вести, туку со посветеност, знаење и со работа“. - Напорната работа, активните мерки за...

Владата ќе одржи седница на која ќе расправа за штетите во поплавените подрачја во Порој

Владата денеска ќе ја одржи третата седница со почеток во 18.30 часот. На седницата ќе се расправа за преземање соодветни мерки и активности за заштита на граѓаните од настанатите штети во поплавените подрачја во Порој, Тетовско.

Тевдовски: Mинималната нето-плата ќе се зголеми на 12.000 денари

„Новата влада, веднаш по формирањето, во консултации со социјалните партнери, ќе го пушти во собраниска процедура законот за зголемување на минималната плата“, најави денеска на прес-конференција претседателот на Комисијата за економија на СДСМ, Драган Тевдовски. Тој додаде дека минималната нето-плата ќе се зголеми на 12.000 денари и ќе важи и за индустријата за текстил, облека и за кожа. „Тоа значи дека околу...

Отстранета импровизираната експлозивна направа од Собранието

Одделот за антитероризам при МВР ја подигнал импровизираната експлозивна направа од Собранието за понатамошна постапка, информираат од МВР. Оттаму додадваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот. Вчера, во 17.28 часот, во Единицата за информирање и команда (ЕИК) Скопје, началникот на обезбедувањето на Собранието пријавил дека во ходникот на првиот кат е пронајдена импровизирана експлозивна направа, петарда со фитиљ...

Обвинителството „будно“ ги следи настаните по насилствата во Собранието

Јавното обвинителство на Република Македонија утрово соопшти дека „будно“ ги следи настаните во врска со синоќешните насилства во Собранието и „презема мерки за нивно расветлување и за утврдување на фактите“. Оттаму информираат дека од вчера во обвинителството биле воведени вонредни дежурства, а надлежните јавни обвинители се во постојана комуникација со Министерството за внатрешни работи. „Во согласност со своите надлежности, Јавното обвинителство...

Лажна дојава за бомба во Основен суд Тетово ги вознемири тетовци

Лажна дојава за бомба денеска ги вознемири вработените во Основен суд Тетово. Дојавата била пренесена преку писмо со назнака „ОВК“, оставена на подот од една адвокатска канцеларија, лоцирана на само неколку метри од зградата на судот. „На 13 април ќе се бомбардира судот во Тетово, големa количинa експлозија има внатре, доста игравте со народот, соопштение ОВК“, гласела пораката напишана на...

„Оксфам“: Балканските земји да преземат мерки против малтретирањето на мигрантите

Владите на Србија, Македонија, Хрватска, Унгарија и на Бугарија мора веднаш да ги истражат сите кривични дела извршени врз мигранти, вклучувајќи и бегалци, и да преземат мерки за спречување на вакви случаи во иднина, се вели во новиот извештај на британската хуманитарна организација „Оксфам“. Во извештајот се бара владите на овие земји итно да престанат со илегалните одвраќања и со...

Многу малку фирми вработуваат лица со посебни потреби, и покрај државните мерки

Иако во изминатите години беа донесени низа позитивни мерки за вработување лица со посебни потреби, сепак многу е мал бројот на фирми што ги користат поволностите што ги нуди државата, а не ретко доаѓа и до ситуации во кои работодавците вработуваат лица со посебни потреби само за да ги искористат бенефициите кои следуваат од државата. Ова го покажуваат резултатите од проектот „Градење капацитети...

Беса го осуди „говорот на омраза и ксенофобијата во училиштата и во МАНУ“

Движењето Беса денеска го осуди мешањето на политиката во основните и во средните училишта и принудувањето ученици да излезат на протестите што, како што стои во соопштението, ги организира македонската партија на власт, а на кои се слушаат „ксенофобични, расистички и извици кои поттикнуваат омраза кон Албанците“. „Вчера беше објавена една видеоснимка, во која директорот на едно средно училиште во...

Тетовското кале и неговата околина заборавени од градските власти

Ридот Балтепе, Тетовското кале и пределот кој води кон ова излетничко-рекреативно место, речиси две децении ултрамаратонецот Адем Селмани ги користи како места каде ги одржува своите тренинзи. На почетокот од својата спортска кариера тренирал и во градот, но сега вели дека во Тетово нема места за одмор и за рекреација, па овие предели се единствените што спортистите можат да ги...

ОЈО со мерки за обезбедување на присуство на осомничените за трговија со дрога

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поради постоење на законските основи, како и заради избегнување на попречување на водењето на кривичната постапка до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднел предлог за изрекување на мерки за обезбедување на присуство на петмина осомничени за трговија со дрога. „Наредба за спроведување на истражна постапка против пет...

Нова вознемиреност во Грција поради барањата на кредиторите за нови мерки

Нова тензија владее меѓу грчката влада и европските кредитори поради барањата за нови мерки од 3,6 милијарди евра. Грчките медиуми коментираат дека и покрај малиот напредок во разговорите меѓу грчкиот министер за финансии Евклидис Цакалотос и европските партнери, сè уште постои голем јаз меѓу позициите на двете страни и нема договор на повидок. Проценките во медиумите се дека...

СДСМ: Да остане бесплатниот автобуски превоз и да се воведе возење „пар – непар“

Мерката бесплатен јавен превоз во Скопје, за која апелираме три години досега, е многу задоцнета и не може да биде ефикасна ако не е придружена со други мерки, вели Пеце Мирчески, потпретседател на комисијата за животна средина на СДСМ. - Укажуваме на централната власт во заминување и на локалните власти веднаш да преземат чекори што ќе придонесат за намалување на последиците од...

Кучи тврди дека сме подготвени да ја надминеме нафтената криза, но не кажа како

Како влада, ги преземаме сите мерки да не се случи нафтена криза во Македонија, изјави министерот за економија, Дритон Кучи, по неколкудневните протести на грчките земјоделци на граничниот премин Евзони, каде се блокирани голем број македонски камиони и цистерни, кои од Грција превезуваат нафта и други горива. Министерот Кучи рече дека кружат информации дека протестите и блокадите во Грција ќе...

Македонските стрип-автори меѓу најбројните на Меѓународниот салон во Белград

На 21. Меѓународен салон на стрип во Белград, кој од 26 до 29 септември се одржува во Студентскиот културен центар, македонските учесници традиционално се меѓу најбројните. На распишаниот стрип-конкурс...