fbpx
Таг: Манчестер јунајтед

таг: Манчестер јунајтед

Приведени диви продавачи на стока со брендовите на тимовите од Супер купот

Полицијата денеска на Плоштад Македонија привела две лица поради продажба и дистрибуција на неавторизирана стока со брендови на фудбалските клубови „Реал Мадрид“ и „Манчестер јунајтед“. „Денеска, околу 12 часот, на Плоштад Македонија две лица се приведени во Полициската станица Центар, поради продажба и дистрибуција на неавторизирана стока со брендови на „Реал Мадрид“ и на „Манчестер јунајтед“. Од страна на Пазарна...

Пријава за скопјанец што препродавал билети за Супер купот

СВР Скопје извести дека почнала постапка против еден скопјанец за препродажба на билети за Супер купот, по новиот став во Кривичниот законик со кој станува кривично дело препродажбата на билети за спортски и за културни манифестации. Скопската полиција вчера идентификувала еден скопјанец кој на интернет нудел билети за вечерашниот Супер куп на УЕФА, на кој ќе се соочат „Реал Мадрид“...

Иницијатива за бесплатно сместување за обожавателите што ќе дојдат за Суперкупот

Поради огромниот пораст на цените за сместување во хотелите во Скопје и кај некои станоиздавачи поради претстојниот Суперкуп на УЕФА, неколку млади луѓе почнаа акција да го обелат образот на Скопје пред фудбалските обожаватели. Со нивниот проект „Суперкуп Скопје“ SuperCupSkopje, членовите на заедницата WeTalkIT ги поврзуваат фудбалските обожаватели на кои им треба сместување со луѓе од Македонија кои имаат желба да им понудат...

Спотот на ФФМ за Суперкупот на УЕФА како реклама за „Скопје 2014“

Натпреварот од Суперкупот на УЕФА, кој на 8 август во Скопје ќе го играат „Реал Мадрид“ и „Манчестер јунајтед“, повторно ја подгреа страста кај вљубениците во фудбалот, откако медиумите информираа дека „УЕФА го објавила“ промотивниот видеозапис. На јутјуб-каналот на УЕФА, пак, како и на нејзината веб-страница нема тако нешто. Последната информација на веб-страницата на Унијата е објавена на 17 јуни, а вели дека...

Спасовски се сретна со претставници на УЕФА

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска одржал работна средба со Жељко Павлица и со Франк Вијнвелд, претставниците на Европската фудбалска федерација (УЕФА), кои се вклучени во организацијата на претстојниот Супер куп на УЕФА, што треба да се одигра на 8 август во Скопје, помеѓу екипите на „Реал Мадрид“ и на „Манчестер јунајтед“. Спасовски на претставниците на УЕФА им соопштил...

Ибрахимовиќ оди во Манчестер јунајтед

Шведскиот фудбалски репрезентативец Златан Ибрахимовиќ потврдил дека следната сезона ќе настапува за славниот англиски клуб Манчестер јунајтед, пишува лондонски „Гардијан“. Ибрахимовиќ, според весникот, утре треба да допатува во Велика Британија, да го потпише едногодишниот договор со клубот. Триесет и четиригодишниот напаѓач остана без ангажман по заминувањето од францускиот клуб Пари Сен Жермен, за кој настапуваше четири сезони и усвои исто...

Мурињо и Манчестер јунајтед постигнаа договор

Жозе Мурињо и Манчестер јунајтед, по тридневни преговори, денеска постигнале договор португалецот да биде нов тренер на славниот тим од „Олд Трафорд“, јавува „Би-би-си“. Преговорите, кои ги водеа агентот на Мурињо, Хорхе Мендес и претставници на раководството на Манчестер јунајтед се завршени, но засега не е потпишан официјален договор. Именувањето на Мурињо за нов тренер на клубот се очекува официјално...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...