fbpx
Таг: Израел

таг: Израел

Во Охрид се одбележува 20-годишнина од воспоставувањето дипломатски односи со Израел

Со отворањето на израелски филмски фестивал и со изведбата на театарската претстава „Нашиот клас“ во Охрид, почнува одбележувањето на 20-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Македонија и Израел, кое ќе трае од денеска до 21 овој месец, во неколку градови низ земјава. На 19 јули во Битола ќе се организира изложба во хотелот „Епинал“ и театарска претстава во Народниот театар....

Нетанјаху: Договорот со Иран е тешка грешка од историски пропорции

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го критикуваше историскиот договор што го постигнаа светските сили и Иран, нарекувајќи го „тешка грешка од историски пропорции“. - Иран ќе добие сигурен пат кон нуклеарното оружје. Многу рестрикции кои требаа да ги спречат да го постигнат тоа, сега ќе бидат укинати. Иран ќе добие џекпот, парично богатство од сто милијарди долари, кои ќе им овозможат да...

Израелски параглајдерист загина во Прилепско

Педесет и петгодишниот параглајдерист Рон Ашуан од Израел денеска го загуби животот кај прилепското село Врбоец кога од непознати причини паднал и починал на местото на несреќата. „Денеска, во местото Тумба во атарот на селото Врбовец, се случи несреќа во која животот го загуби едно лице (55) од Израел. Лицето управувало параглајдер и како последица на пад од истиот, починало....

Убиен Палестинец на Западниот Брег

Израелската полиција уби еден Палестинец за време на рацијата која денеска ја спроведе на Западниот Брег, јавија очевидци и болнички извори. Портпаролот на израелската полиција изјави дека Палестинецот бил убиен кога се обидел да фрли граната врз полицајците, кои вршеле операцијата против милитантите. Локалните жители на Џенин и болнички официјални лица изјавија дека 23-годишниот Палестинец бил убиен утринава и оти нема...

Израел ја бомбардираше Газа

Израелската војска утринава изврши воздушен напад на појасот Газа како одговор на најновиот ракетен напад на јужниот дел на Израел. Во нападот нема жртви. Џихадистичката група Салафисти, која ја поддржува Исламска држава, ја презеде одговорноста за уште еден напад од Газа на територија на Израел. Ракетата е испукана во саботата навечер на јужниот дел на Израел, во близина на градот Ашкелон....

Израелски воздушни напади на појасот Газа

Израелската војска соопшти дека утринава извела воздушни напади на појасот Газа, како одговор на гранатирањето израелски територии. Во воздушните напади нема жртви, а мета била „терористичката инфраструктура“ на југот на појасот Газа. Палестински извори соопштија дека нападот е изведен врз кампови за обука на исламски џихадисти во Рафа, Кан Јунес и во Газа. Палестинците доцна синоќа ја гранатираа Ган Јане, населба во...

Израелски авиони бомбардираа сириски воени бази

Израелската армија изврши воздушни напади врз сириски и цели на либанскиот Хезболах на границата меѓу Сирија и Либан. Како што јавуваат израелските медиуми, мета на нападите биле бригадата на сириската армија задолжена за стратешко оружје и ракети со голем дострел. Арапските медиуми јавуваат дека мета на нападите биле сириските магацини за оружје. Израел засега не ги коментира медиумските информации.

Израелски авион принудно слетал поради проблеми со тркалата

Патнички авион на израелската компанија „Ел ал“, со 181 патник и членови на екипажот, набргу по полетувањето морал да се врати на аеродромот во Тел Авив поради проблеми со тркалата. Набргу по полетувањето за Прага, техничарите на пистата на аеродромот „Бен Гурино“ пронашле парчиња гума од тркалата на авионот, по што е наредено авионот да се врати во Тел Авив...

Нетанјаху го изедначи Иран со нацистичка Германија

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го спореди Иран со нацистичка Германија. - Како што нацистите сакаа да владеат со светот, уништувајќи го еврејскиот народ, така Иран сака да го контролира регионот и да ја уништи еврејската држава - рече Нетанјаху во пресрет на обележувањето Денот на жртвите на холокаустот. Израелскиот премиер оцени дека рамковниот договор меѓу официјален Техеран и шесте светски сили за иранската...

Сите наши безбедносни бизниси со Израел

Каква опрема набавило МВР од Израел во 2011 година, а за која стана збор во аудиоснимките што ги објави лидерот на опозцијата, Зоран Заев? Oсвен тврдењата од едната и од другата страна, за тоа нема никаков официјален документ кој би потврдил за што точно се работи. Зоран Заев и СДСМ остануваат на тврдењето дека станува збор за набавка на опрема...

„Анонимуси“ се заканија со „електронски холокауст“

Хакерската група „Анонимуси“ објави видеозапис во кој се заканува дека на 7 април ќе изврши „електронски холокауст“ и ќе го избрише Израел од кибер-просторот. Како што јавуваат светските медиуми, мета на нападите на „Анонимуси“ ќе бидат серверите и интернет-страниците кои ѝ припаѓаат на еврејската држава, израелската армија и на банките. - Се враќаме за повторно да ве казниме за вашите злосторства...

Израел ги шпионирал преговорите за иранската нуклеарна програма

Израел го шпионирал преговорите меѓу Техеран, САД и петте најголеми светски сили за иранската нуклеарна програма, соопшти денеска „Волстрит џурнал“. Израел набргу ги демантираше информациите на американскиот весник, оценувајќи ги како „спротивни на вистината“. Според весникот, кој цитира американски претставници, израелската операција се состоела од инфилтрирање во расправите и од составување досие за да го спречат прифаќањето на условите од спогодбата...

Изненадувачки убедлива победа на Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера победи со огромно мнозинство на парламентарните избори, објави изборната комисија откако ги преброи сите гласачки ливчиња. Десничарската Ликуд освои 30 места во 120-члениот парламент Кнесет, додека нејзиниот главен противник, Ционистичкиот сојуз на левиот центар, освои 24 места, објавија израелските медиуми откако беа пребројани 99,5 отсто од ливчињата. Во проценти, изборната комисија објави дека Ликуд освоила нешто...

Нетанјаху: Ако повторно бидам премиер, нема да дозволам палестинска држава

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека во случај повторно да биде избран за премиер, палестинската држава нема да биде креирана. Со таа изјава Нетанјаху во целост го негираше она што го најави во говорот во 2009 година, кога вторпат стана премиер, дека ќе го поддржи принципот на две држави за два народи. Нетанјаху дал интервју за веб-страницата НРГ на казино-моќникот Шелдон Аделсон,...

Нетанјаху призна дека може да ги изгуби изборите

Израелскиот премиер во заминување, Бенјамин Нетанјаху, денеска призна дека постои можност да претрпи пораз на парламентарните избори и предупреди дека ќе дојде до дипломатски пораз „на сите полиња“ доколку победи неговиот лабуристички противник Исак Херцог. - Нашата сигурност е во голема опасност затоа што постои реална можност да ги изгубиме овие избори – рече Нетанјаху за „Ерусалим пост“, неколку дена...

Нетанјаху: Израел нема да дава територии

Израел повеќе нема да дава територии поради сегашната клима на Блискиот Исток, соопшти синоќа израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, со што се исклучува можноста за создавање палестинска држава. Аналитичарите велат дека изјавата на Нетанјаху, дадена пред изборите закажани за 17 март, навестува дека нема да има мировни преговори доколку тој победи на изборите. Како што се наведува во соопштението од владејачката партија...

Израел купува од САД нови 14 борбени авиони Ф-35

Израелските власти денеска соопштиле дека од САД ќе набават 14 борбени авиони Ф-35 од последната генерација, во вредност од три милијарди долари, пренесуваат светските агенции. Како што соопштиле од израелското министерство за одбрана, еден авион во просек чини 110 милиони долари. Израел во 2010 година го потпиша првиот договор со производителот на Ф-35, компанијата „Локхид Мартин“, за набавка на 19 авиони...

Израел: Сите патници во автобус загинале при судир со камион

Најмалку осум лица загинаа, а 50 се повредени на југот на Израел при судир на полн автобус, камион и на трактор, пишува весникот „Хаарец“. Израелските медиуми јавуваат дека загинале најмалку десет лица. BREAKING: 10 killed and 40 injured in major road accident in southern Israel. pic.twitter.com/XYbx8J4MYf — Breaking News (@NewsOnTheMin) February 3, 2015 Несреќата се случила кога камионот, кој превезувал трактор, се судрил...

Судири на израелско-либанската граница

Израелската армија соопшти дека девет нејзини војници се повредени во нападот на границата со Либан, а Хезболах потврди дека стои зад нападот. Хезболах, исламска воена група со седиште во Либан, соопшти дека нападот го спровела групата која се нарекува Херојски весници Кунајтре, а акцијата е одмазда за израелскиот воздушен напад врз Голанската Висорамнина, извршен на 18 јануари, при кој загинаа...

Тел Авив: Палестинец со нож избоде патници во автобус

Најмалку десет лица се повредени, од кои три посериозно, откако Палестинец со нож нападна луѓе во автобус во Тел Авив. Како што јавуваат израелските медиуми, напаѓачот се обидел да побегне, но полицијата го застрелала в нога и успеала да го фати.

По една ѕвезда на Широк сокак за лауреатите на Златна Камера 300 за животно дело

На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по прв пат на Широк сокак во Битола, ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници...