Нетанјаху призна дека може да ги изгуби изборите

Израелскиот премиер во заминување, Бенјамин Нетанјаху, денеска призна дека постои можност да претрпи пораз на парламентарните избори и предупреди дека ќе дојде до дипломатски пораз „на сите полиња“ доколку победи неговиот лабуристички противник Исак Херцог.

– Нашата сигурност е во голема опасност затоа што постои реална можност да ги изгубиме овие избори – рече Нетанјаху за „Ерусалим пост“, неколку дена пред изборите.

Нетанјаху настојува да ги собере гласовите за својата партија Ликуд, додека анкетите му даваат поголема предност на Ционистички сојуз, во кој се Лабуристичката партија на Исак Херцог и центристичката Хатнуах на Ципи Ливни.