fbpx

Изненадувачки убедлива победа на Нетанјаху

-

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера победи со огромно мнозинство на парламентарните избори, објави изборната комисија откако ги преброи сите гласачки ливчиња.

Десничарската Ликуд освои 30 места во 120-члениот парламент Кнесет, додека нејзиниот главен противник, Ционистичкиот сојуз на левиот центар, освои 24 места, објавија израелските медиуми откако беа пребројани 99,5 отсто од ливчињата.

Во проценти, изборната комисија објави дека Ликуд освоила нешто повеќе од 23 отсто, а Ционистичкиот сојуз имал нешто помалку од 19 отсто од гласовите.
– Спротивно на сите прогнози, остваривме голема победа за националната коалиција под водство на Ликуд. Сега мораме да изградиме јака и стабилна влада – рече Нетанјаху, кому ова му е трет мандат по ред, а четврти во досегашната политичка кариера.

Ликуд најави дека новата влада ќе биде составена во рок од неколку недели и оти веќе се почнати преговори со партијата Еврејско огниште на сегашниот министер за економија, Нафтали Бенет, која промовира еврејска колонизација на палестинските подрачја.

За стабилноста на коалицијата на Нетанјаху клучна ќе биде поддршката на центристичката партија Кулан на поранешниот член на Ликуд, Моше Калон, која на изборите освои 10 места.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Во деновите пред изборите ќе има редовна настава, информира МОН

Деновите пред гласањето на претстојните избори, 23 април и 7 мај, ќе бидат работни за сите училишта. Притоа, во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес, наставата ќе...