fbpx
Таг: евакуација

таг: евакуација

Евакуирани 750.000 лица на Филипини поради невреме

Стотици илјади лица денеска се евакуирани од централниот дел на Филипини поради налет на тајфун, чии ветрови достигнуваат брзина од 150 километри на час. Околу 40 летови во земјата се откажани, додека на 73 траекти и стотина рибарски бродови им е наложено да не испловуваат по ударот на тајфунот Мелор во селото Батаг, на северниот дел на островот Самар. Властите досега...

Евакуиран дел од Лондон поради сомнителен пакет

Полицијата во Саутворк, Лондон, добила дојава дека на улицата Тулиј се наоѓа сомнителен предмет. Пиротехничарите веднаш излегле на терен за да го пронајдат и да го идентификуваат предметот. Бројни деловни згради кај лондонскиот мост се евакуирани откако е пронајден сомнителниот предмет, јавува весникот „Сан“. Информацијата ја потврди и портпаролот на лондонската полиција.  

Евакуирана железничка станица во Белгија поради дојава за бомба

Белгиската полиција ја евакуирала железничката станица во градот Намур по дојава за бомба, јавуваат локалните медиуми. Според нивните пишувања, железничкиот сообраќај е во прекин. Вчера белгиските власти го симнаа нивото на опасност од напади во Брисел од максимално четврто на трето ниво.

Евакуирана џамија во Брисел поради сомнително писмо

Една џамија во Брисел е евакуирана откако е пронајдено писмо со бел прав, поради што се појави сомнеж дека се работи за антракс. На местото на настанот се наоѓаат десетина противпожарни и полициски возила, а засега не е потврдено дали постои сериозна опасност од антракс. И други џамии во регионот на главниот град на Белгија добиле закани, особено џамијата „Моленбик-Сент-Жан“, каде на...

Евакуиран терминал на лондонскиот аеродром „Гетвик“

Јужниот терминал на лондонскиот аеродром „Гетвик“ денеска е евакуиран откако се огласил противпожарниот аларм, јавија британските медиуми. Управата на „Гетвик“ на социјалната мрежа „Твитер“ им се извини на патниците поради ситуацијата и вети дека проблемот наскоро ќе биде решен. Во сличен инцидент, минатата недела беше евакуиран северниот терминал на „Гетвик“ откако полицијата приведе еден маж поради неговото „сомнително однесување“, затоа што на...

Лондон: Евакуирана метро-станицата Тутинг бродвеј

Полициските сили ја евакуирале лондонската метро-станица Тутинг бродвеј поради безбедносни причини, јавуваат светските медиуми. Твитер-корисник вели дека станицата е затворена и има огромен број полициски претставници. Tooting right now... Anyone know what's going on ? #tooting #police pic.twitter.com/RNRvjpdTnG — Georgee (@GeorgeF_9) November 18, 2015 Од Метрополитен соопштија дека полицијата е присутна на станицата Тутинг бродвеј по дојава дека маж им се заканувал на...

Евакуиран терминал на аеродромот во Копенхаген

Данската полиција евакуирала еден од двата терминали на аеродромот „Каструп“ во Копенхаген, откако бил откриен багаж со сомнителна содржина, соопштија аеродромските официјални лица и полицијата. - Терминалот три е евакуиран. Поставена е торба со сомнителна содржина. Полицијата спроведува истрага - изјави портпаролката на аеродромот, Сисе Хансен за АФП. Полицијата на „Твитер“ потврдила дека имаат сомнителна ситуација на аеродромот „Каструп“, каде еден...

Евакуација на „Харвард“ поради дојава за бомба

Неколку згради на Универзитетот „Харвард“ во САД се евакуирани поради дојава за бомба, објавено е на веб-страницата на институцијата. „Добивме закана за бомба во научниот центар, како и на север, во салите Емерсон и Тајер во кампусот. Зградите се евакуирани, а полицијата е на местото на настанот. Се пребаруваат четирите згради. Очекуваме овој процес да потрае неколку часа. Влезот во дворот...

Русија за 24 часа евакуирала 11.000 туристи од Египет

Руските власти во последните 24 часа од Египет евакуирале 11.000 руски туристи, изјави денеска заменик-премиерот на Русија, Аркадиј Дворкович. Се очекува да се вратат уште поголем број туристи, рече Дворкович и додаде дека денеска уште поинтензивно ќе се транспортираат руски граѓани. Околу 80.000 Руси останаа „заглавени“ во Египет, најмногу во Хургада и во Шарм ел Шеик, откако официјална Москва ги суспендираше...

Лажна дојава за бомба на аеродром во Русија

Околу 150 луѓе беа евакуирани од аеродромот „Колјцово“ во Екатеринбург откако стигнала лажна информација за поставена експлозивна направа. Извори од полицијата рекле дека аеродромот е прегледан и дека не е пронајдено ништо сомнително. Според исказите на очевидци, сите што биле во зградата се извадени надвор, а на патниците кои пристигнале на аеродромот не им било дозволено да ги напуштат авионите.

Во пожарот во Калифорнија изгореа 600 куќи

Најмалку 585 куќи и уште стотина други објекти изгореле во пожар кој со денови беснее во Калифорнија. Властите на оваа држава прогласија вонредна состојба, а повеќе од илјада луѓе мораа да ги напуштат домовите. Во пожарите, животот го изгуби најмалку едно лице, а 13.000 се евакуирани. Како што пренесува агенцијата „Ројтерс“, и понатаму се загрозени околу 9.000 објекти во областа...

Во Јапонија евакуирани 170.000 лица, по налетот на тајфунот Етау

Во Јапонија се евакуирани 170.000 луѓе како резултат на силните дождови, поплави и лизгалишта по ударот на тајфунот Етау. Според наводите на пожарникарската и на службата за кризни ситуации, 15 лица се повредени во налетот на невремето, меѓу кои две лица потешко, додека две лица се водат за исчезнати. Неколку илјади луѓе сè уште се заробени во своите домови, откако реките...

Јужна Кореја евакуира население по размена на оган со Северна Кореја

Јужна Кореја наредила евакуација на нејзиното население долж западниот пограничен регион, откако денеска наутро дошло до размена на оган со Северна Кореја, јавуваат светските агенции. Според информациите, Северна Кореја испукала граната кон единица на јужнокорејската војска, по што од југот возвратиле со повеќе истрели од артилериско оружје, соопштило министерство за одбрана на Јужна Кореја, јавува „Би-Би-Си“. Во враска со инцидентот, за...

Пожар во Шпанија, евакуирани 3.000 лица

Властите во Шпанија евакуираа 3.000 лица, заради пожарот кој го зафати југозападот од државата. Официјалните лица веруваат дека пожарот е подметнат намерно, бидејќи стручните лица пронашле бројни поединечни точки на палење. За време на вчерашниот ден, домовите ги напуштиле 1.400 лица. Во борбата против пламените јазици, која трае три дена, во планинската област Сиера де Гата, ангажирани се авиони и хеликоптери, а...

Пожари во Калифорнија, дадена наредба за евакуација на 13.000 лица

Калифорниските власти издале наредба за евакуација на околу 13.000 луѓе, поради пожарите што беснеат во оваа сојузна американска држава, јавуваат светските медиуми. Според властите, околу 9.000 пожарникари интервенираат на стрмни терени и во тешки услови, во обид да ги локализираат и изгаснат 20-те пожари што беснеат во Калифорнија. Најголема закана, како што јавуваат медиумите, е пожарот „Роки“, кој се шири северно од Сан...

Поплавен главниот град на Парагвај

Најмалку 37.000 лица се евакуирани од парагвајскиот главен град Асунсион, поради поплавите што настанаа по излевање на реката Парагвај од своето корито, јавија локалните медиуми. Метеоролозите сметаат дека излевањето на реката е последица на природниот феномен Ел Нињо, кој предизвика зголемување на температурата во источниот дел на Тихиот Океан за 5 до 10 Целзиусови степени.

Стотици лица евакуирани поради ерупција на вулканот Колима

Повеќе стотици лица се евакуирани по ерупцијата на вулканот Колима, 450 километри западно од главниот град на Мексико, а според првичните информации, тоа би можело да биде најсилната ерупција во последните стотина години. Поради пепелот кој излегувал од вулканот и го прекрил околното подрачје, затворен е и аеродромот во Колима. Геофизичарите оцениле дека оваа ерупција е „нетипична“ и оти потсетува на ерупцијата...

Талибанците извршија жесток напад на авганистанскиот парламент

Талибанците утрово извеле жесток напад на авганистанскиот парламент, во главниот град на земјата, Кабул, каде борбите меѓу безбедносните сили и напаѓачите сè уште траат, јавува „Би-Би-Си“. Засега нема информации за евентуални жртви и за повредени во нападот. Напаѓачите детонирале автомобил-бомба пред парламентот, пред да влезат во самата зграда, пренесуваат медиумите. Полицијата ги евакуира луѓето од зградата, обидувајќи се истовремено да им возврати на...

Евакуирани 20.000 жители на Келн поради бомба

Најмалку 20.000 жители на западниот германски град Келн се евакуирани од своите домови, по што властите пронашле бомба тешка 200 килограми од времето на Втората светска војна. Училиштата и градинските се затворени, а неколку возила на брза помош се на местото поради евакуирање на жителите на старечки дом. Деактивирањето на бомбата, која е пронајдена во близина на мостот Мулхајм на реката Рајна, се...

Евакуација во Лондон, пронајдена бомба на „Вембли“

Жителите во Лондон се во паника откако британската полиција наредила итна евакуација на сите кои стануваат на подрачјето во близина на стадионот „Вембли“. Стотина куќи се испразнети за жителите да не бидат загрозени додека војската безбедно не ја демонтира неексплодираната бомба, која е од Втората светска војна. Експлозивната направа е тешка 50 килограми и ја откриле градежните работници кои извршувале работи...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...