fbpx
Таг: Џо Бајден

таг: Џо Бајден

Бајден: Ќе бидам претседател кој нема да разделува, туку ќе обединува

Џо Бајден, во својот прв јавен говор по објавата на неофицијалните резултати од изборите во САД, рече дека неговата цел ќе биде да ја обедини нацијата. „Ветувам дека ќе бидам претседател кој не сака да разделува, туку да обединува. Кој не гледа црвени и сини држави, туку Соединети Американски Држави“, рече Бајден додавајќи дека е време да се стави крај...

Демократот Џо Бајден е избран за нов претседател на САД

Кандидатот на Демократската партија на САД, Џо Бајден е 46. Претседател на САД, јавија светските медиуми. Асошиејтед прес попладнево објави дека Бајден го поразил републиканскиот кандидат Доналд Трамп. Изборот на новиот американски претседател доаѓа откако беа објавени резултатите во сојузната држава Пенсилванија, со што Џо Бајден освои вкупно 273 електорски гласа од неопходните 270 гласа за да биде избран...

Се бројат последните гласови, светот го очекува новиот претседател што ќе седне во Белата куќа

САД влегуваат во самиот финиш на пребројувањето на гласовите на претседателските избори што се одржаа на 3 ноември. Кандидатот на Демократската партија, Џо Бајден води според бројот на освоени гласови во четири од шесте држави во кои сè уште се бројат гласовите, кои би му овозможиле да го зголеми бројот на електорски гласови од постојните 253 на над 270,...

Бајден го презема водството во повеќе клучни држави на изборите во САД, Трамп обвинува за украдени избори

Соединетите американски држави се сè поблиску до изборот на претседател. Во тек е броењето на гласовите, според кои досега Џо Бајден има освоено 253 електорски гласа, а Доналд Трамп 214. Демократскиот кандидат Бајден го победи Трамп во Висконсин и Мичиген, две клучни држави, а исто така го престигна по бројот на гласови и во Џорџија и е поблиску да...

Со победата во Мичиген и Висконсин, Бајден сè поблизу до Белата Куќа, но пребројувањето сè уште трае

Претседателскиот кандидат на Демократската партија во САД, Џо Бајден, според неофицијалните резултати, победи во уште две клучни држави - Висконсин и Мичиген. Една од можностите за гласање на изборите во САД, традиционално предвидува и гласање преку пошта. Голем број гласачи оваа година го одбраа токму овој начин на гласање како начин на заштита од изложување на корона вирусот. Поради...

Неизвесен исход на изборите во САД, во некои сојузни држави ќе треба да се добројат гласовите добиени преку пошта

Победникот на претседателските избори во САД сѐ уште е неизвесен, бидејќи до сега ниту еден од двајцата кандидати - демократот Џо Бајден и републиканецот Доналд Трамп не успеаја да ги добијат неопходните 270 електорски гласа, кои им го гарантираат изборот за иден претседател на најмоќната држава во светот. Како што јавува „Гардијан“, изборните резултати во сојузната држава Висконсин се очекува...

Денеска се одржуваат претседателските избори во САД

Граѓаните на Соединетите Американски Држави денеска треба да го изберат идниот претседател на избори. Тие гласаат за актуелниот претседател републиканецот Доналд Трамп и демократскиот кандидат Џо Бајден. Поради пандемијата со корона вирусот, над 95 милиони Американци веќе гласаа однапред и тоа на гласачките места, но и по пошта, што во овој случај би можело да го отежни пребројувањето на гласовите...

Републиканците и демократите од Конгресот го отфрлија барањето на Трамп за одложување на изборите

По вчерашниот твит на американскиот претседател Доналд Трамп во кој тој постави прашање за одложување на претседателските избори во САД закажани за 3 ноември, претставниците на Републиканската и на Демократската партија во американскиот Конгрес децидно го отфрлија ваквото барање. - Никогаш во историјата на земјата, преку војни, депресии и граѓанска војна, никогаш сме немале ненавремено одржување на изборите и ќе...

Трамп сака одложување на претседателските избори во САД закажани за ноември

На 96 дена пред одржување на американските претседателски избори, актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп преку твит посака одложување на изборите закажани за ноември до моментот кога американските граѓани ќе можат правилно, безбедно и сигурно да гласаат. „Со универзално гласање по пошта (а не гласање во отсуство, што е добро), изборите во 2020 година ќе бидат најизмамничките во историјата. Тоа...

Бајден официјално стана демократски противкандидат на Трамп за изборите во ноември

Поранешниот американски потпретседател Џо Бајден и официјално стана кандидат на Демократската партија за претстојните претседателски избори во САД што е планирано да се одржат во ноември. Тој објави дека ги добил потребните гласови на делегатите на Демократската партија, со што ја осигура неговата кандидатура и натпреварот со актуелниот американски претседател Доналд Трамп на претстојните избори. Бајден изјави дека му било...

Бајден и Сандерс главни претенденти за демократски кандидат на претседателските избори во САД

Поранешниот американски потпретседател, Џо Бајден и сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс се главните претенденти за претседателски кандидат на Демократската партија што ќе му се спротивстави на Доналд Трамп на претстојните претседателски избори во САД. По гласањето на синоќешниот „супер вторник“, Бајден успеа да го победи Сандерс во девет сојузни држави: Тексас, Масачусетс, Арканзас, Минесота, Тенеси, Оклахома, Алабама, Северна Каролина...

Бајден до Заев: Договорот од Преспа придонесува за европската интеграција и единство

Поранешниот потпретседател на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден му испратил писмо на премиерот Зоран Заев во кое вели дека му претставувало чест што се сретнале на Конференцијата за безбедност во Минхен и за разговорот низ кој размениле мислења за актуелните политички прашања. „Уште еднаш Ви честитам на историскиот договор со Грција во Преспа. Уверен сум дека Договорот е сериозен позитивен...

Средба на Бајден со косовскиот претседател Хашим Тачи

Потпретседателот на САД во заминување, Џо Бајден, денеска се сретнал со претседателот на Косово, Хашим Тачи, соопштија од кабинетот на Бајден во Вашингтон. Бајден, како што се наведува, на средбата истакнал дека САД и понатаму остануваат подготвени да продолжат да го помагаат развојот на Косово и целосната интеграција на земјата во меѓународната заедница. Тој уште еднаш ја повикал владата во Приштина...

Бајден му порача на Трамп дека е „време да порасне“

Потпретседателот на САД во заминување, Џо Бајден, ги критикуваше изјавите на новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, за разузнавачките агенции и му порача дека е „време да порасне“. Бајден, како што јавуваат светските агенции, ги оценил како „неразумни“ ставовите на Трамп во врска со извештаите на разузнавачките агенции за влијанието на руските хакери на претседателските избори во САД. „Претседателот да нема доверба...

Бајден изрази сочувство за загинатите во НАТО бомбардирањата во Србија

Американскиот потпретседател Џо Бајден денеска во Белград им изрази сочувство на сите семејства на загинатите во НАТО бомбардирањата. - САД и Србија, секако не се согласуваат околу сите прашања, има многу лузни и рани кои постојат уште од 90-те години, но се надевам дека ќе преземеме чекори и тоа ќе го направат други, нови генерации, а целиот регион ќе забележи...

Бајден ѝ порача нa Турција да ги гони пучистите согласно законот

Американскиот потпретседател Џо Бајден во телефонски разговор со турскиот премиер Бинали Јилдирим ја повикал Турција да ги гони пучистите во согласност со владеењето на законот, соопшти Белата куќа. - Бајден изрази одлучна поддршка на турската демократија и ја поздрави посветеноста на турскиот народ на демократските институции – се вели во соопштението, а пренесуваат светските медиуми. Во него се додава дека американскиот потпретседател...

Тајната служба застрелала вооружен маж пред Белата куќа

Припадници на тајната служба на САД вчера застрелале вооружен маж пред Белата куќа, поради што пристапот кон објектот бил блокиран извесно време, јавуваат светските медиуми. Од полицијата за „Еј-би-си њуз“ изјавиле дека лицето извадило оружје кај безбедносниот пункт во близина на зградата, поради што било застрелано во стомакот. Напаѓачот бил пренесен во болница со тешки повреди, соопштиле официјалните служби....

Џо Бајден во ненајавена посета на Ирак

Потпретседателот на САД, Џо Бајден, денеска пристигна во ненајавена посета на Ирак, каде се сретна со ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади, разговарајќи за политичките и за безбедносните прашања. Ова е првпат Бајден, како клучна личност од Белата куќа за односите со Ирак, да ја посети оваа земја од повлекувањето на американските сили во 2011 година, но ова е трета посета овој...

Бајден жали поради цивилните жртви при НАТО-бомбардирањата во 90-тите

Потпретседателот на САД, Џозеф Бајден, во телефонскиот разговор со премиерот на Србија, Александар Вучиќ, изразил жалење поради цивилните жртви за време на акцијата на НАТО во 1999 година, како и војните во текот на 90-те години, објавено е на интернет-страницата на Белата куќа. Бајден и Вучиќ вчера телефонски разговарале, на денот кога Србија обележа 17 години од почетокот на бомбардирањето...

САД и Турција се подготвени за воено решавање на кризата во Сирија

Американскиот потпретседател Џо Бајден изјави денеска дека Вашингтон и Анкара се подготвени за воено решавање на кризата во Сирија, доколку не се постигне политички договор. - Знаеме дека е подобро ако се постигне политичко решение, но ако тоа не е можно, подготвени сме по воен пат да ја отстраниме Исламска држава – изјави Бајден на прес-конференција во Истанбул. По средбата со...

По една ѕвезда на Широк сокак за лауреатите на Златна Камера 300 за животно дело

На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по прв пат на Широк сокак во Битола, ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници...