среда, 20 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Босна и Херцеговина | 62 резултати

Биљана Ливанчиќ – Милиќ: Во БиХ успех постигнуваат ловците на кликови и политичките дезинформации

ноември 19, 2019

Биљана Ливанчиќ – Милиќ е во новинарството од 2004 година, а од март минатата година работи за raskrinkavanje.ba, една од најактивните балкански платформи за проверка на факти и разоткривање на медиумските манипулации. При нејзината посета на Скопје минатата седмица, разговаравме за најчестите проблеми во Босна и Херцеговина (БиХ) на планот на лажните вести. За Северна […]

Проектите во Босна ги крепат македонските градежници

август 19, 2019

Босанскиот пазар и во наредниот период ќе остане главниот странски пазар за македонските градежни компании. Според податоците на Државниот завод за статистика, градежниците од земјава остануваат зависни од активностите што ги реализираат во Босна и Херцеговина, на што се должат и севкупните придвижувања во периодот јануари – јуни 2019 година. Вкупната вредност на договорените градежни […]

Сменети трасите на осум автобуски линии во Скопје

март 20, 2019

ЈСП Скопје соопшти дека поради почеток на асфалтирањето на дел од булеварот „Христијан Тодоровски  – Карпош“ во Бутел, осум автобуски линии од јавниот превоз од денеска ќе бидат изменети. Така автобуските линии 8, 47, 57, 57А, 59, 61, 47А и 71 кои доааѓаат од Бит Пазар, на семафорите кај Општина Чаир ќе вртат лево и […]

Иванов – Звиздиќ: Интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ ќе донесе регионална стабилност

март 12, 2018

Претседателот Ѓорге Иванов, денеска се сретна со претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ, со кого разговарал за состојбите во регионот и актуелните политички случувања во двете држави. Од кабинетот на Иванов информираат дека соговорниците оцениле дека двете држави ги карактеризираат традиционално пријателски односи и идентични ставови во однос на унапредување […]

Во Босна и Херцеговина ќе може да се патува и само со лична карта

март 12, 2018

Владина делегација од Босна и Херцеговина, предводена од претседавачот со Советот на министри, Денис Звиздиќ денеска е во официјална посета на Македонија. За време на посетата, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров и министерот за надворешни работи, Игор Црнадак ја потпишаа Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на […]

Уапсени шест лица во БиХ поради воени злосторства

декември 19, 2017

Полициски службеници на државната агенција за истраги и заштита (СИПА), постапувајќи по наредба на обвинителството на Босна и Херцеговина, утрово на подрачјето на општините Какањ и Илијаш уапсиле шест лица осомничени за воени злосторства, јавува балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“. Шесте лица, како што се наведува во соопштението на СИПА, се уапсени поради основано […]

БИХ немаат намера да го признаат Косово

септември 29, 2017

БИХ нема да ја признаат независноста на Косово ниту, пак, ќе го разгледуваат ова прашање до крајот на мандатот на актуелниот Совет на министри, односно владата, порача денеска босанскиот министер за надворешни работи, Игор Црнадак, откако косовскиот премиер Рамуш Харадинај повика БИХ да го признаат Косово. Причината е несогласувањето на Република Српска, која е еден […]

Спасовски: Радикализмот е заеднички проблем на Македонија и на БИХ

септември 22, 2017

Екстремниот радикализам е заеднички проблем на Македонија и на Босна и Херцеговина, но, и глобален проблем, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во Сараево по средбата со неговиот домаќин, министерот за внатрешни работи на БИХ, Драган Мектиќ. – Двете држави се изложени на дејствија на радикални групи и на криминални организации, поради што унапредувањето […]

Македонија и БИХ потпишаа договор за заемно признавање на возачките дозволи

септември 13, 2017

Владите на Македонија и на Босна и Херцеговина денеска потпишаа договор за заемно признавање на возачките дозволи помеѓу двете земји. Во име на Владата на Република Македонија, договорот го потпиша министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, а во име на Советот на министри на Босна и Херцеговина, договорот го потпиша министерот за комуникации и транспорт, […]

Нашите мултиетнички општества се наше богатство и предност, порача Заев од БИХ

јули 23, 2017

Пораката што сакам да ја испратам одовде, од Сараево, е дека доаѓа време кога политичар од еден етникум ќе се бори за унапредување на правата на граѓаните од друг етникум, а тоа е иднината што овој наш мултиетнички регион треба да ја има и да ја негува, рече премиерот Зоран Заев од Сараево, каде што е […]

Заев-Звиздиќ: Македонија и БИХ имаат добра меѓународна соработка и исти стратешки цели

јули 23, 2017

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за земјоделство Љупчо Николовски, за економија, Крешник Бектеши, за култура, Роберт Алаѓозовски, и од министерот задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми, е во официјална работна посета на Босна и Херцеговина, каде се сретна со претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ. […]

Девет лица повредени при пад на рингишпил во Херцеговина

јули 21, 2017

Девет лица се повредени, од кои две малолетни, откако рингишпил паднал во близина на херцеговскиот град Посушје, јавуваат босанските медиуми. – Две лица се уапсени под сомневање дека направиле кривично дело, предизвикување општа опасност – вели портпаролот на полицијата во Западнохерцеговска жупанија, Дражен Бошњак. Според него, повредите што лицата ги добиле при падот на рингишпилот, не се […]

Премиерот Заев доби специјално признание „Европска личност на годината“ во Сараево

јули 6, 2017

Премиерот Зоран Заев на бизнис-манифестацијата „Најменаџер и најкомпанија за 2017“ во Сараево доби специјално признание – „Европска личност на годината“ и „Носител на позитивни промени во регионот“, соопшти владината прес-служба. Признанието на премиерот Заев му се доделува за неговото „ангажирање по прашања од политиката, бизнисот и економијата, развивање и јакнење на пријателски, регионални и меѓународни соработки, […]

Иванов – Иваниќ: Македонија и БИХ треба да ја интензивираат економската соработка

април 20, 2017

Политичките односи меѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина (БИХ) се одлични, но недостига поинтензивна економска соработка, на која мора да се работи во следниот период. Ова е задничката оценка на претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, и на претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, Младен Иваниќ, на денешниот бизнис-форум што се одржа во Скопје. […]

Вучиќ: Барањето на БИХ за ревизија на пресудата во Хаг е неодговорен потег

февруари 24, 2017

Највисоките државни функционери на Србија како „неодговорен потег“ го оценија и го осудија отворањето на постапката за ревизија на пресудата на Меѓународсниот суд на правдата во Хаг по тужба на Босна и Херцеговина против Србија за геноцид и предупредија дека со ваквиот чекор целиот регион се враќа во минатото. Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, изјави […]

Вучиќ: Зад барањето за ревизија на пресудата за Сребреница не стои добра намера

февруари 20, 2017

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека зад неодамнешното барање за ревизија на пресудата на Меѓународниот суд за правда во Хаг по тужбата на Босна и Херцеговина против Србија за геноцид, „не стои добра намера“ и најави дека најдоцна до среда за тоа ќе разговара со претставниците на власта и на опозицијата во Република […]

Македонија и БиХ потпишаа Спогодба за колокација на ДКП

март 30, 2016

Шефовите на дипломатиите на Македонија и на Босна и Херцеговина денеска во Драч, потпишаа Спогодба за колокација на дипломатско-конзуларните претставништва. – Овој чин претставува потврда повеќе на заемните заложби за реализација на конкретни проекти за збогатување на билатералните односи согласно позитивните искуства од слични примери со земјите од регионот – велат од македонското МНР. Спогодбата ја потпишаа […]

Македонски државјанин уапсен во Италија, регрутирал борци за ИД

февруари 26, 2016

Антитерористичка единица на италијанската полиција, во околината на Венеција уапсила македонски државјанин, осомничен за регрутирање борци за учество во воените дејства на Блискиот Исток, на страната на Исламска држава (ИД), јавуваат италијанските медиуми. Полициската акција, како што пренесува „ Ла република“, била спроведена по наредба на обвинителството во Венеција, кое почнало истрага против неколку лица […]

Страна 3 од 3