fbpx
Таг: Белград

таг: Белград

Двајца мртви, во центарот на Белград се сруши ѕид при изградба

На градилиште кое се наоѓа меѓу Сараевската улица и улицата Кнез Милош во самиот центар на Белград се сруши ѕид и затрупа најмалку две лица. Се срушил ѕид од зграда која се прави на местото на некогашната амбасада на САД. Според неофицијалните информации во оваа несреќа има дека има уште затрупани. Операцијата за спасување е во тек.

Адвокатите во Србија една недела во штрајк поради убиството на нивни колега

Адвокатите во Србија денеска почнаа еднонеделен целосен прекин на работата, поради убиството на нивниот колега Драгослав Миша Огњановиќ во саботата, соопшти Адвокатската комора на Србија. Во соопштението се напоменува дека станува збор за целосен прекин на работата, што значи дека адвокатите нема да примаат ниту итни притворски предмети. Педесет и седумгодишниот Огњановиќ беше застрелан пред влезот на зградата во која...

Коѕиас по средбата со Дачиќ: Направен е чекор напред во преговорите на Грција и Македонија

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас по денешната средба со неговиот српски колега Ивица Дачиќ во Белград изјави дека во преговорите на Грција и Македонија за спорот за името е направен чекор напред, како и дека клучот за решавање на проблемот се „реализмот, прагматизмот и сфаќањето дека треба да се направат компромиси“, пренесуваат српските медиуми. - Треба да направиме...

Во Белград програмер убил колега, ранил двајца, па се разнел со бомба

Младиот програмер Небојша С. (30) денеска во Белград убил свој поранешен колега и ранил двајца, по што се разнел со бомба, јавија српските медиуми. Убиецот пред неколку дена добил отказ во софтверската фирма „Стопански советник за информациски технологии“, а денеска се вратил таму, прво ја поздравил колешката и ладнокрвно се качил на катот. Потоа влегол во една канцеларија каде имало...

За четири дена двајца починати од мали сипаници во Србија

Четириесетгодишно лице, чиј пол не е соопштен, починало од компликации предизвикани од морбили, односно мали сипаници, и со тоа стана осма жртва на епидемијата на мали сипаници во Србија. Лицето било од Белград, а починало на Клиниката за инфективни и тропски болести во Белград, соопшти Институтот за јавно здравје на Србија „Др. Милан Јовановиќ - Батут“. Претходниот смртен случај беше...

Борисов: Да се обединиме и да помогнеме во решавање на проблемот за името

Прашањето за името меѓу Македонија и Грција мораме да го решиме. Мора да се обединиме и да ѝ помогнеме на Европската комисија да му помогне на Брисел да донесе правилни одлуки, а не да поставува некакви ултиматуми, истакна бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска во Белград, по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ и со премиерите на Грција, Алексис Ципрас,...

Дачиќ смета дека треба да има меѓународна конференција за Косово

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, смета дека е потребно да се организира нова меѓународна конференција за да се најде решение за Косово, што би спречило евентуална војна во иднина. На конференцијата, според Дачиќ, би учествувале ЕУ, САД и Русија. - Србија, која Косово и Метохија исторски ги смета за нејзин нераскинлив дел, треба да побара меѓународна конференција за...

Бошњаците од Санџак бараат автономија од Србија

Претседателот на Бошњачкиот национален совет во Србија, Сулејман Угљанин, вчера побара од српските власти и од Европската Унија да се распишат „избори за формирање на територијална автономија на српската областа Санџак“, каде мнозинството од жителите се Бошњаци. Угљанин, кој е и лидер на Партијата за демократска акција на Санџак (СДА), го темели барањето на резултатите од референдумот за автономија на...

Ердоган вели дека соработката меѓу Анкара и Белград е клучна за Балканот

Турција и Србија се двете клучи земји за Балканот и нивната соработка е од суштинско значење за одржување на мирот, стабилноста и на просперитетот на полуостровот и во Европа, наведува турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во авторскиот текст за весникот „Политика“ објавен по повод неговата денешна посета на Белград. „Врските меѓу Турција и Србија се силни и со длабоки корени....

Брнабиќ: Србија ќе даде сѐ од себе за да има најдобри односи со Македонија

Српската премиерка Ана Брнабиќ вчеравечер на приемот организиран во Белград по повод Денот на независноста на Република Македонија. порача дека Србија ќе даде сѐ од себе за со Македонија да има само најдобри односи. Таа рече дека не разговарала со својот македонски колега Зоран Заев, ниту со амбасадорката на Македонија во Белград, Вера Јовановска-Типко околу можноста Македонија да го...

МНР: Персоналот на амбасадата на Србија повикан на консултации во Белград

Министерството за надворешни работи денеска добило нота од амбасадата на Република Србија во Скопје, во кое било известено дека персоналот на амбасадата е повикан на консултации во Белград, соопштуваат од МНР. „МНР на Република Македонија не е запознаено со причините за оваа одлука и во тој правец, воспоставува комуникација со МНР на Република Србија во насока на утврдување на причините...

Вучиќ: Не ми паѓа на памет да одам на Парадата на гордоста во Белград

Српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека нема да одговори на повикот да учествува на Парадата на гордоста во Белград, најавена за 17 септември. Тој повтори дека негова обврска е на сите на тој собир да им ги гарантира правата и слободите. - Немам намера да одам. Не сум некој кој е воодушевен од таквата манифестација. Без разлика на тоа, моја...

Харадинај: Преговорите за Косово мора да бидат само за негово признавање

Кандидатот за премиер на Косово, Рамуш Харадинај, вели дека досегашната рамка за разговорите меѓу Косово и Србија била погрешна и дека дијалогот мора да продолжи само за една точка - признавање на Косово. Според него, погрешна била одлуката на косовските институции  со Белград да се разговара за внатрешните прашања на Косово. – Дијалогот со Србија е поставен на погрешни рамки, бидејќи...

Хојт Ји и Вучиќ: Мирот и стабилноста на регионот се најважна политичка цел

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ и заменик помошникот државен секретар за Европа и Евроазија, Брајан Хојт Ји денеска во Белград се согласија дека најважната политичка цел во регионот на Западен Балкан е зајакнување на мирот и стабилноста затоа што без тоа нема ни економски напредок. Ји изјави дека американската политика спрема Западен Балкан не е значајно променета со изборот на...

Харадинај бара САД да се вклучат во преговорите меѓу Косово и Србија

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, порача дека Брисел очигледно „не може да ја заврши работата меѓу Косово и Србија“ и замоли Вашингтон да интервенира, а ако не го стори тоа, Белград и Приштина да бидат оставени „да си ја завршат работата сами“, пишува српски „Блиц“. - Вашингтон е добар во завршувањето на работите меѓу Косово и Србија....

Протест во Белград по повод годишнината од уривањето во Савамала

Иницијативата „Не го давиме/даваме Белград“ (Не да(је)мо Београд) денеска под мотото „По трагите на фантомите“ организираше протест по повод годишнината од уривањето објекти во белградскиот кварт Савамала. Кон протестот се приклучија и студентите и граѓаните кои од 3 април секојдневно организираат протести „Против диктатурата“, јави дописникот на „Мета“ од Белград. Собирот го поддржаа Воениот синдикат на Србија, Полицискиот синдикат на...

Во Белград заедно протестираа полицијата, војската и граѓаните

Илјадници луѓе се собраа денеска на протестот што го организираа синдикатите на војската и на полицијата, незадоволни од материјалниот статус на вработените во секторот безбедност и од општата состојба во земјата. Ним им се придружија и студентите и граѓаните што од победата на актуелниот премиер Александар Вучиќ на претседателските избори во Србија секој ден организираат „Протести против диктатурата“. И покрај...

Студентите во Белград ги формулираа барањата на протестите против Вучиќ

Студентите во Белград, кои веќе два дена учествуваат во „протестите против диктатурата“ кои се одвиваат во најголемите градови на Србија, денеска ги поддржаа барањата на колегите од Нови Сад и додадоа уште едно - барање за ревизија на избирачкиот список и овозможување електронско гласање. Студентите, кои своите барања ги објавија на „Фејсбук“, бараат протестите да траат до смената на членовите...

„Горе длабоко – Долу високо“, ликовна изложба на Масин во Белград

Од денеска до 25 март, во павилјонот „Цвијета Зузориќ“ во Белград, ќе биде поставена заедничка изложба на Стојан Ѓуриќ и на охридскиот сликар Мирослав Масин, со наслов: „Горе длабоко – Долу високо“. Мирослав Масин пред неколку години дел од својот циклус на дела „Горе длабоко – Долу високо“ претстави на реномираниот фестивал „Охридско лето“, како и на Научната и културна визита,...

Александар Вучиќ и официјално кандидат за српски претседател

Едногласно вечерва Главниот одбор на Српската напредна странка (СНС) го прифати предлогот на партиското претседателство, сегашниот премиер на Србија, Александар Вучиќ, да биде кандидатот на СНС на претстојните претседателски избори во Србија. Вучиќ изјави дека решил да ја прифати кандидатурата оти цврство верува дека „На србија и се неопходни работи, инвестиции, нови болници и иднина“. Обраќајќи се пред членовите на...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...