fbpx

Вучиќ: Не ми паѓа на памет да одам на Парадата на гордоста во Белград

-

Српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека нема да одговори на повикот да учествува на Парадата на гордоста во Белград, најавена за 17 септември. Тој повтори дека негова обврска е на сите на тој собир да им ги гарантира правата и слободите.

– Немам намера да одам. Не сум некој кој е воодушевен од таквата манифестација. Без разлика на тоа, моја обврска е, а тоа успеав да го остварам, да им се гарантира правото да го прават тоа што е дел од нивните слободи и нивните права и со тоа сум задоволен – изјави Вучиќ во Солун.

Сепак, тој нагласи дека нема намера да учествува на парадата.

– Не ми паѓа на памет. И тоа е мое право да одбијам, да шетам каде сакам и кога сакам. Благодарам на поканата, но не сакам – рече Вучиќ, коментирајќи го повикот на организаторите да биде на чело на колоната.

Тој истакна дека работата на државата е да обезбеди сите да прошетаат каде сакаат и како сакаат и на сите да им се гарантира слободи и права.

Исто така, додаде дека секој друг од претставниците на власта, од претседателството или од Владата на Србија, е слободен да оди каде сака, но дека тој лично нема да оди на Парадата на гордоста.

– Не сакам да одам и не сакам да се вадам дека имам попаметна работа или што било друго. Секако дека ќе правам нешто, што од мој аспект, сметам дека ќе биде покорисно за Србија – рече Вучиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...