fbpx
Таг: Белград

таг: Белград

Поранешната сопруга го обвинува градоначалникот на Белград дека рушел во Савамала

Поранешната сопруга го обвини градоначалникот на Белград Синиша Мали дека организирал рушење на објект во белградското маало Савамала во април минатата година, во ноќта по одржувањето на изборите. Марија Мали за мрежата „Крик“ изјави дека Синиша Мали и рекол дека организирал рушење на „неколку колиби“ на улицата Херцеговачка во белградската населба Савамала кои пречеле во изградба на проектот „Белград на...

Столтенберг: Балканот останува приоритет на НАТО, Белград и Приштина да ги смират тензиите

Балканот беше и останува еден од критичните региони и приоритети на НАТО, порача генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска на прес-конференција во Приштина. Тој посочи и дека е важно да се спроведуваат договорите што досега се постигнати во дијалогот на Приштина и Белград и истовремено им порача на политичките водачи во Белград и Приштина да ги смират тензиите. - Стабилноста...

Вучиќ: Приштина го опструира дијалогот, а ЕУ го толерира тоа

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, ја обвини денеска Приштина дека ги опструира разговорите во Брисел затоа што не сака да се постигне договор, а за претставниците на Европската Унија рече дека го толерираат тоа. Вучиќ рече дека ЕУ „нема храброст да каже дека Приштина е виновна за кршењето на договорот“. Тој оцени дека на Србија најмалку ѝ одговара евентуален прекин...

Ципрас утре во дводневна посета на Белград

Грчкиот премиер Алексис Ципрас утре ќе ја посети Србија и во фокусот на дводневната посета ќе биде зајакнување на билатералната, пред сè, економска соработка. Ципрас во Белград ќе разговара со српскиот премиер, Александар Вучиќ, и со членовите на владата и ќе учествува на работен форум помеѓу Србија и Грција. Пред посетата, тој изразил очекувања дека покрај интензивниот политички дијалог, ќе има...

Вучиќ и Тачи разговарале да продолжи дијалогот помеѓу Белград и Приштина

Српскиот премиер, Александар Вучиќ, разговарал денеска преку телефон со косовскиот претседател, Хашим Тачи, за да продолжи бриселскиот дијалог помеѓу Србија и Косово, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. Според пишувања на „Блиц“, Вучиќ и Тачи се договориле Белград и Приштина да го продолжат дијалогот, бидејќи разговорот бил единствен начин за решавање на несогласувањата. „Вучиќ и Тачи се договориле и двете страни активно...

МНР бара Белград итно да го отстрани називот БЈРМ од сметките на патарините

Македонското Министерството за надворешни работи побарало од властите во Белград итно го сменат именувањето на нашата земја на фискалните сметки на патарините во Србија, соопштија од МНР. „Министерството за надворешни работи на Република Македонија по дипломатски пат побара итна корекција на именувањето на Република Македонија од страна на државните органи во Република Србија“, стои во соопштението, кое доаѓа по појавата...

ЕУ ги повика Белград и Приштина на воздржаност и на разумност

Високата претставничка за надворешна и за безбедносна политика на Европската Унија, Федерика Могерини, и нејзиниот тим внимателно го следат развојот на односот помеѓу Белград и Приштина во последните неколку дена, а тоа ги вклучува и вчерашните случувања, велат од кабинетот на шефицата на дипломатијата на Европската Унија. - ЕУ е во постојан контакт со двете страни по повод случувањата во...

Синдикатот на војската протестираше во Белград

Синдикатот на српската војската денеска одржа протест во центарот на Белград поради тешката социјална и материјална положба во која се наоѓаат припадници на војската. Протестот на кој се собраа околу 2.000 луѓе беше подржан и од синдикатот на полицијата, а заврши со марш до претседателството на Србија каде што беше оставено писмо за претседателот Томислав Николиќ, кој е врховен командант...

Отворен меѓународниот саем за книги во Белград

Меѓународен саем за книги, под слоганот „Книги во рака“, со повеќе од 450 српски и странски изложувачи, беше отворен вчера во Белград и ќе трае до 30 октомври. На 61. Меѓународен саем за книги, почесен гостин ќе биде Иран, а иранската писателка Наргес Абјар укажа на значењето што го имаат книгите во нејзината земја, за што говори и податокот дека меѓународниот...

Маж пред српската влада се заканувал дека ќе се разнесе со бомба

Српската полиција рано утринава уапсила 39-годишен маж кој пред зградата на владата на Србија се заканувал дека ќе активира две рачни бомби. Драмата во центарот на Белград траела околу три саати, а сообраќајот целосно бил прекинат. Станува збор за Мирослав Станковски од Белград кој и претходно и бил познат на полицијата. Во неговото досие има повеќе кривични пријави поради разбојништво и...

Вучиќ и Рама на форум за безбедност зборуваа за љубовта на нивните земји

Во текот на Белградскиот форум за безбедност, премиерите на Србија и на Албанија, Александар Вучиќ и Еди Рама, потврдија дека нивните држави имаат спротивни ставови во врска со статусот на Косово. Рама рече дека Албанија има една љубов - ЕУ, додека Србија има две - Русија и ЕУ. Вучиќ, од друга страна, одговори дека Србија има една љубов и тоа е...

Нов протест во Белград за уривањата во Савамала

Во центарот на Белград за вечерва е закажан нов протест поради нелегалното уривање на објекти во населбата Савамала, каде треба да се изгради амбициозниот проект „Белград на вода“, јавува дописникот на „Мета“ од Белград. Повод за протестот е тоа што и по пет месеци не се откриени извршителите ниту, пак, некој сносеше политичка одговорност за уривањето на објектите, за малтретирањето...

81-годишен пациент почина од западнонилска треска во Србија

Во Србија се регистрирани три случаи на лица заболени од западнонилска грозница, од кои едно веќе им подлегнало на последиците на болеста. „Врз основа на податоците доставени до Институтот и од лабораториските наоди, регистрирани се три случаи на лица заболени од западнонилска треска, од кои едно почина од последици што можат да се доведат во врска со оваа болест“, се наведува...

Драган Даравелски уапсен во Белград, потвди МВР

Поранешниот директор на Царинската управа на Македонија, Драган Даравелски, е уапсен од српската полиција во Белград, врз основа на потерница распишана од македонски власти, потврдија за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи. Даравелски, кој беше директор на царината во периодот од 1999 до 2002 година, повеќе од една деценија се бараше со потерница од македонските власти, но Белград сè досега...

Нова Партија на Македонците во Србија

Во Белград се одржа основачко собрание за формирање на новата Партија на Македонците во Србија. За претседател на партијата е избран Горан Илијевски, додека за потпретседатели назначени се Ана Синицки, Даниела Цветановиќ и Славе Груевски. За секретар на партијата е избрана Биљана Милошевски. - Бевме принудени да формираме партија на Македонците, како една нова сила, затоа што досега македонскиот етникум...

Акцијата во Белград заврши со 80 уапсени функционери и бизнисмени

Во акцијата на српската полиција уапсени се 80 лица осомничени за најтешки малверзации во областа на финансискиот криминал. Сослушувањата на многумина се веќе во тек, a Вишиот суд во Белград ги одреди синоќа и првите притвори. Осомничените што вчера не беа изведени пред обвинителите на сослушување, денеска ќе бидат сукцесивно приведени, а по тоа ќе се одлучува кој ќе биде во притвор,...

Дојава за бомба во седиштето на противпожарната бригада во Белград

На телефонската линија 192 во Белград е примена анонимна дојава дека во седиштето на противпожарната бригада е поставена експлозивна направа. Веднаш по дојавата пожарникарите се евакуирани, а полициска екипа врши увид на местото и утврдува дали станува збор за лажна пријава или навистина има поставено бомба во седиштето на противпожарната бригада.

Вучиќ: Верувам дека до крајот на август, работите со Приштина ќе бидат решени

Александар Вучиќ, премиерот на Србија, денеска изјави дека продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина во Брисел се очекува тогаш кога ќе биде извесно дека може да се постигне напредок. Тој рече дека денеска во Белград претстојува делегација од Брисел, со која ќе разговара за да се најде решение за примена на договорот со Приштина за осигурување на возилата. - Верувам...

Српскиот претседател бара од Русија да стави вето на резолуцијата за Сребреница

Српскиот претседател Томислав Николиќ ја повика Русија да стави вето на британската резолуција во Советот за безбедност на ОН, која убиствата во Сребреница за време на војната во БИХ од 1992 до 1995 година ги окарактеризира како геноцид. Николиќ за таа цел испратил писмо до рускиот претседател Владимир Путин. Се очекува резолуцијата во наредната недела да биде ставена на дневен...

5.000 полицајци ќе ја чуваат Меркел во Србија

Германската канцеларка Ангела Меркел на 8 и на 9 јули ќе ги посети Србија, Албанија и Босна и Херцеговина. Но, поради предупредувањето на Германија до своите граѓани што живеат и работат во Србија да бидат внимателни и да избегнуваат поголеми собири поради заканата на исламистите за терористички напад до крајот на рамазанскиот пост, безбедноста на канцеларката е подигната на највисоко ниво. Мерките...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...