Претпладне сончево, попладне нестабилно

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне на места нестабилно, со локален краткотраен дожд и со грмежи, особено во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, кој на повисоките места и на планините повремено ќе се засилува.

Утринската температура се движи од 11 до 18 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне од 25 до 31 степен. УВ-индексот ќе изнесува 5.

Во Скопје се очекува слично време, сончево со мала до умерена облачност, а попладне со услови за локален краткотраен дожд. Максималната дневна температура во главниот град ќе се искачи до 29 Целзиусови степени.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) до понеделник во земјава ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди, со локален пороен дожд и со ретки грмежи во попладневните часови. Од вторник се очекува да настапи стабилизирање на времето.