Сончево и топло време, температури до 31 степен

Фото: Арбнора Мемети

Времето ќе биде сончево и топло со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти меѓу 3 и 11, а максималната ќе достигне од 25 до 31 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло. Минималната температура ќе биде 10, а максималната 29 Целзиусови степени.

Од УХМР информираат дека во наредните денови продолжува периодот на претежно сончево време со натпросечни дневни температури за овој период од годината.