Сончево и топло време, со температура до 29 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде претежно сончево и топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура се движи од 5 до 12 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 24 до 29 степени.

Во Скопје се очекува слично време, сончево со мала до умерена облачност и слаб ветер од северен правец. Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне до 27 Целзиусови степени.