Секоја осма компанија во Германија користи вештачка интелигенција

Анкетата покажала дека поголемите компании со повеќе од 250 вработени (со учество од 35 отсто) повеќе ја користат технологијата отколку малите компании. Во случајот со малите бизниси, само една од десет компании почнале да ја користат вештачката интелигенција

Фото: Bernd Weißbrod/dpa

Во Германија, една од осум компании користи вештачка интелигенција (ВИ), покажа истражувањето објавено вчера од Федералниот завод за статистика, пренесе германската новинска агенција ДПА.

Дали користите вештачка интелигенција? Вакво писмено прашање добиле 80.000 компании со најмалку од 10 вработени. Произлегло дека поголемите компании со повеќе од 250 вработени (со учество од 35 отсто) повеќе ја користат технологијата отколку малите компании. Во случајот со малите бизниси, само една од десет компании почнале да ја користат вештачката интелигенција.

Според одговорите на анкетата, најчести области на примена на ВИ се книговодството (25 проценти) и компјутерската безбедност (24 проценти).

Компаниите, според анкетата, користат вештачка интелигенција во производниот процес и во услужните дејности (22 проценти), како и деловната администрација (20 проценти). Меѓу другото, технологиите за вештачка интелигенција се користат за превод и за препознавање на текст.

Сепак, многу бизниси посочиле дека им недостасуваат информации и знаење за примената на вештачката интелигенција. Повеќе од половина (54 отсто) од оние кои не ја користат стравуваат колку е компатибилен со уредите што ги имаат или пак не ги знаат правните последици од користењето (51 отсто).

Меѓу бизнисите кои не користат вештачка интелигенција, 22 проценти посочиле дека таа не е корисна за нивната дејност.