СДСМ: Нервозата на ВМРО-ДПМНЕ е огромна и очигледна

Со особено внимание следиме што е објавено во неделникот „Фокус“ и како во овој случај ќе реагираат институциите на ВМРО-ДПМНЕ. Неделникот „Фокус“ дословно става до знаење дека анонимен граѓанин ги доставил доказите за фалсификување патни исправи до медиумот, се вели во реакцијата на СДСМ.

„Ова е уште еден доказ дека се распаѓа системот на контрола, на таење и на лажирање на вистината на ВМРО-ДПМНЕ и дека сè повеќе граѓани доставуваат информации до медиумите и до опозицијата за криминалното владеење на Никола Груевски. Нервозата на ВМРО-ДПМНЕ е огромна и очигледна. Тоа го покажуваат двете соопштенија во коишто партијата е цинична, се објаснува, се дообјаснува. Тоа што реагира ВМРО-ДПМНЕ со квалификации за скандал што треба да го истражат институциите е уште една цврста потврда дека во Македонија држава нема и дека сè е партија“, се вели во соопштението од СДСМ.