Разбојник завршил во Ургентен центар по грабеж на банка

Маскиран и вооружен разбојник попладнево ограбил експозитура на Стопанска банка во скопската населба Влае, но, при обидот за бегство, бил пресретнат од полициска екипа која интервенирала по грабежот.

Од Секторот за внатрешни работи Скопје, за „Мета“ информираат дека разбојништвото се случило околу 14.10 минути, кога максирано и вооружено лице влегло во експозитурата, на улицата Ѓорче Петров, и заканувајќи се, од службеничката зело извесна сума пари.

При обидот за бегство тој отворил оган кон полициската екипа, која возвратила на пукањето.

Според полициските информации, разбојникот со повреди бил пренесен во Ургетниот центар.