Расправа во Уставниот суд – Апасиев се жали дека бил дискриминиран од Талат Џафери

Во барањето се наведува дека претседателот на Собранието не постапил согласно Законот за референдум, за предлог-барањето на Апасиев одлучил сам, наместо да го предаде на Законодавно-правната комисија

-

Во Уставниот суд денеска се одржува јавна расправа по поднесено барање за заштита на слободите и правата од страна на пратеникот од Левица, Димитар Апасиев.

Апасиев наведува дека е дискриминиран по основ на политичка припадност како пратеник, од страна на Талат Џафери кој тогаш ја извршувал функцијата претседател на Собранието на Република Северна Македонија.

Во судот се присутни и Апасиев и Џафери и тие пред судиите ги образложуваат своите аргументи.

Во барањето се наведува дека претседателот на Собранието не постапил согласно Законот за референдум, за предлог-барањето на Апасиев одлучил сам, наместо да го предаде на Законодавно-правната комисија и до претседателот на матичното работно тело заради давање мислење.

Фото: Уставен суд на РСМ

Станува збор за Предлог-Барање за покренување граѓанска иницијатива на државно ниво за распишување задолжителен дополнителен референдум кој требало да овозможи понатамошно непречено собирање на уставно предвидените 150.000 граѓански потписи за распишување референдум со следното прашање:

„Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ со прифаќање на собраниските Заклучоци бр. 08-3238/1 од 16 јули 2022 rодина?

Подносителот на барањето, Димитар Апасиев смета дека со тоа што претседателот на Собранието одбил да ја проследи иницијативата до надлежните собраниски тела, ја злоупотребил својата службена положба и овластување и на тој начин го спречил подносителот да го оствари уставно заштитеното право на политичко дејстување.

При поднесувањето на барањето до Уставниот суд (23.12.2022) подносителот посочил дека е пратеник во Собранието од редот на опозицијата и претседател на опозициска парламентарна политичка партија „Левица” и дека бил оневозможен политички да дејствува од страна на претседател на Законодавниот дом.

„Поради ова подносителот Апасиев поднесе барање за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот кои се однесуваат на правото на политичко дејствување и забрана на дискриминација по основ на политичка припадност. Исто така подносителот наведува дека со наведеното дејствие, претседателот на Собранието го повредува правото на забрана од дискриминација на граѓаните по основ на политичка припадност што е гарантирана со Уставот и со член 14 и член 1 од Протоколот бр. 12 од Европската конвенција за човекови права“, се наведува во соопштението на Уставниот суд.

Tешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола, три лица го загубија животот

Утрово се случи тешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола во којашто три лица го загубија животот, а едно е тешко повредено. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп...