Променливо облачно време, попладне со услови за пороен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец. Нови врнежи се очекуваат во попладневните часови кога ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, а се уште локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни. Максимална температура ќе биде од 19 до 28 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, ќе дува слаб до умерен ветер претежно од  северен правец со температура од 13 до 26 Целзиусови степени.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови. Утре и во среда појавата на пороен дожд и грмежи ќе биде поретка и со послаб интензитет.