Промена во правилата за Оскарите: Ќе се квалификуваат само филмовите објавени на стриминг платформите

Поради пандемијата со корона вирусот, филмовите објавени само на платформите за стриминг ќе бидат квалификувани за престижната филмска награда Оскар, ова го соопштија организаторите на Оскарите.

Промената следи откако се затворија кино салите низ САД. Претходно, еден филм за да влезе во трката за Оскар, мораше прво да се прикажува во кино во Лос Анџелес најмалку седум дена. Следното доделување на „Оскарите“ е најавено за 28 февруари идната година.