Пријавени 300 нови случаи на ковид-19, во изминатово деноноќие оздравени се 197 лица

Kelly Sikkema / Unsplash

Денес се регистрирани 300 нови позитивни случаи на ковид-19, а од нив 59 се реинфекции, информираат од Министерството за здравство.

Во изминатово деноноќие пријавено е едно починато лице од Битола (71г), починато во болнички услови.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 197 оздравени пациенти, при што најмногу во Скопје – 129, Битола – 16 и Кавадарци – 10.

Досега во земјава се направени вкупно 1.966.968 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 306.474, бројот на оздравени пациенти е 295.434, на починати е 9.227, а бројот на активни случаи е 1.813.