Претседателката Сиљановска-Давкова во Рим не положила венец на кој пишувало „нашата држава“

Претседателката Сиљановска-Давкова положила венци во Рим, но на нив не пишувало „нашата земја“, туку „претседател Гордана Сиљановска-Давкова“ и на венците во никој случај не стоело знамето со Сонцето од Вергина, туку македонското, државно знаме

Фото: Профил на Фејсбук на Гордана Сиљановска Давкова

Фактите говорат дека претседателката Сиљановска-Давкова положила венци во Рим, но на нив не пишувало „нашата земја“, туку „претседател Гордана Сиљановска-Давкова“ и на венците во никој случај не стоело знамето со Сонцето од Вергина, туку македонското, државно знаме, пишува Вистиномер. 

Текстот го пренесуваме во целост:

 

Објава на Фесјбук тврди дека претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, при посетата на Рим по повод денот на сесловенските просветители  24 Мај, положила венец на кој пишувало „нашата земја“ и на кој стоело знамето со Сонцето од Вергина.

Поздрав од Рим. НАШАТА ЗЕМЈА повторно горда!, стои во објавата која споделува и фотографија од наводно положениот венец.

Тврдењето изнесено во објавата не е точно, а фотографијата е фотошопирана.

Имено, фактите говорат дека претседателката Сиљановска-Давкова положи венци во Рим, но на нив не пишувало „нашата земја“, туку „Претседател Гордана Сиљановска-Давкова“ и на венците во никој случај не стоело знамето со Сонцето од Вергина, туку македонското, државно знаме.

Ова може да се провери доколку се посети официјалниот Фејсбук профил на Сиљановска-Давкова.

Една од објавите е од посетата на базиликата „Сан Клементе“ во Рим, во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, каде претседателката положила венец на гробот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј.

На фотографиите под објавата се гледа венецот кој го положила Сиљановска-Давкова и на кој се гледа дека пишува „Претседател Гордана Сиљновска-Давкова“ и на кој го има македонското знаме.

Во друга објава од Рим има објавено фотографии од посетата на базиликата „Санта Марија Маџоре“ каде, како што е наведено во објавата, „положивме цвеќе на спомен – плочата напишана на македонски јазик“.

Тука, всушност, се гледа фотографијата која е злоупотребена и фотошопирана, со цел да се манипулира јавноста и да се изнесуваат невистини.

На фотографијата јасно се гледа дека на венецот е напишано „Претседател Гордана Сиљновска-Давкова“ и дека на него го има македонското знаме.

Значи, не е точно дека на венецот кој го положила претседателката стоел напис „нашата земја“ придружен со знаме од Сонцето од Вергина, како што тврди објавата.

Поради сето ова, оценуваме дека објавата е погрешна.