Предлог-законот за јавно обвинителство в четврток на комисиска расправа

Фото: Борче Поповски

Претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби за в четврток ја закажа седницата на која ќе се расправа за Предлогот на закон за јавното обвинителство и за Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавни обвинители.

Артан Груби во текот на денешниот ден имал консултации со координаторите на пратеничките групи и со претседателот на Собранието на РСМ, Талат Џафери.

Двата закона ќе бидат разгледани на Комисијата за европски прашања, откако пратениците на денешната собраниска седница одлучија Предлог законот за јавно обвинителство да се носи по скратена постапка. Овој закон се носи со европско знаменце, иако пратениците од опозициската партија ВМРО – ДПМНЕ не гласаа за донесување на предложениот закон во скратена постапка.