Правен тим од Вашингтон ја истражува корупцијата во земјава

фото: Амбасада на САД во Скопје

Тим правници за санкции од Вашингтон е пристигнат во земјава и внимателно ќе ги анализира состојбите со корупцијата, соопшти амбасадорката на САД, Анџела Агелер на својот Твитер-профил.

 

„Тим за санкции од Вашингтон е тука за да направи поагресивен увид во актерите на корупцијата од минатото и сегашноста и да ги разгледа сите можни одговори. Правосудниот систем на Северна Македонија треба да спроведува повеќе истраги, прогони, за да покаже дека никој не е над законот“, напиша Агелер.

Случувањата во македонското правосудство во изминативе години предизвикаа бурни реакции со низа сомнежи и обвинувања од јавноста, но и од дипломатскиот кор во земјава, а меѓу најактуелните се изборот на првиот човек на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, но и случувањата со неговата претходничка Вилма Русковска.