Потрошувачката кошница во септември изнесувала околу 500 евра

Потрошувачката кошница во септември изнесувала 32.263 денари за едно четиричлено семејство, пресмета Сојузот на синдикати на Македонија.

Најмногу од парите или 13.345 денари се трошат за храна и за пијалоци, потоа за комуналии и опрема за домот и за одржување, за кои се издвојуваат 10.468 денари.

За хигиена се потребни 2.272 денари, за превоз 2.339 денари, а за обувки и за облека 2.087 денари.

Од вкупните средства во потрошувачката кошница за културни активности се трошат 1.070 денари, а за одржување на здравјето – 678 денари.

Потрошувачката кошница во септември е повисока за 0,32 отсто во однос на август, а во споредба со септември лани е повисока за 0,09 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната нето-плата во август изнесувала 22.294 денари.