Поради наводна навредлива порака за претседателот, Diablo Immortal е одложена во Кина

Фото: Florian Olivo, Unsplash

Станува збор за порака на Weibo (кинеска платформа слична на Twitter) што ја има испратено вработен во тимот на Diablo Immortal во Blizzard со која наводно го навредил кинескиот Претседател Си Џипинг нарекувајќи го „мечето“.

Парафразирана пораката била: „Кога ‘мечето’ ќе падне од фотељата?“ Ова е референца на „Winnie The Pooh“, познатото мече од постар анимиран филм на Дизни. Во Кина се забранети и постирања фотографии на овој лик од Дизни затоа што се смета за навредливо исмевање на претседателот и ликот е на таканаречена „црна листа“.

За играта Diablo Immortal е одложена продажбата во Кина и не се знае дали воопшто ќе се продава таа игра, што доведе до шпекулации дека можеби и Overwatch 2 и WoW DragonFlight (за која ја имаме најавата во наш претходен напис) нема да бидат достапни во Кина и ќе бидат банирани поради навредата. 

Diablo Immortal играта која што предизвика доста контраверзии поради тоа колку е скапо да се прогресира во неа преку микротансакции иако првично е навидум бесплатна (за оваа игра имаме два претходни написи: најавата и вториот напис), а голем број од кинеските гејмери играат и WoW нa сервери на кинески јазик одржувани од Blizzard.

Во наш претходен напис имаме вест за неодамнешно затварање на многу фирми за производство на компјутерски игри под изговор дека штетеле на здравјето на младината, каде кинеските девелопери на игри потоа едноставно само се префрлиле да работат во западни фирми. Несомнено е дека „гејмингот“ во Кина е прецензуриран и продолжува истиот тренд и во иднина, но сепак има и нови примери на игри во кинеско производство наменети и за светски пазар како успешната Genshin Impact која е најиграна игра на мобилни телефони во светот (со посебни цензури во самата верзија од играта за во Кина) и играта која сè уште се чека да излезе, Wu Kong Black Myth, за која имаме напис овде.