Diablo Immortal излегува на 2 јуни, ќе биде бесплатна и ќе може да се игра и на персонални компјутери

Скриншот од Трејлерот за Diablo Immortal
Скриншот од Трејлерот за Diablo Immortal

Играта Diablo Immortal покрај тоа што е развивана како игра за мобилни телефони уште од 2018 година, ќе биде достапна и преку cross-play на Персонални Компјутери (PC). Најавен е и датумот за излегување на играта и тоа ќе биде на 2 јуни годинава. Последните вести за оваа игра кажуваа дека ќе биде сосема бесплатна игра -без купување и без месечна претплата. 

Што всушност значи Cross-play на PC? Тоа значи дека ќе можете да ja играте играта на мобилен телефон и да продолжите каде што сте застанале на вашиот компјутер и обратно. Исто така, значи дека ќе можете да играте со вашите пријатели во иста група без разлика дали користат PC или мобилен телефон.  

Графички играта е супер и повеќето луѓе што ја тестирале велат дека ова е игра што е подобрена верзија на Diablo 3. Играта на мобилен се игра преку “touchscreen”, но не само што ќе можете да приклучите контролер, туку Diablo Immortal ќе може да се игра и со тастатура и со маус на PC како што највеќе им одговара на играчите за овој тип на игри. 

Дејството ќе биде сместено помеѓу настаните од крајот на Diablo 2 а приказната ќе заврши каде што почнува приказната од Diablo 3. Повторно ќе има авантури низ кои ќе ве води “Deckard Cain” и ќе се базира на таканаречните “Worldstones” во кои можат да се “заробат демони”. 

Уште сега може да се направи пред-регистрација за играта на нејзиниот главен вебсајт. Ако го сторите ова има шанса да добиете нов козметички сет наречен според античките волшебници “Horadrim”. Ова ќе важи само за еден од вашите ликови и условот е играта да постигне 30 милиони пред-регистрирани корисници и да се логирате и да го завршите туторијалот во првите 30 дена откако ќе излезе играта.