Основците од прво до петто одделение во Кавадарци добија бесплатна ужинка

Информација и фотографии за реализација на проектот „Оброк за секое дете“ на Фејсбук сподели и градоначалникот Јанчев, а веста беше објавена и во дел од медиумите

Фото: Фејсбук-страница на градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев

Во продолжение ја пренесуваме проверката на „Вистиномер“ на исполнетост на изборно ветување на сегашниот градоначалник на општина Кавадарци, Митко Јанчев:

Ветување: Бесплатен оброк за сите ученици од прво до петто одделение во Кавадарци

[Извор: Тајм.мк; Нетпрес;  Датум: 28.09.2021]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ова изборно ветување на градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, дадено за време на кампањата за локалните избори кои се одржаа во октомври 2021 година, е исполнето. Од почетокот на овој месец основците од прво до петто одделение во  Кавадарци добиваат бесплатна ужинка.

 

Фото: Фејсбук профил на градоначалникот Митко Јанчев

Од кабинетот на Јанчев  деновиве (02.05.2023) информираа дека локалната самоуправа во Кавадарци обезбедила бесплатен оброк за учениците од прво до петто одделение во сите основни училишта.

Ова значи официјално реализирање на ветениот проект ,,Оброк за секое дете”, што беше дел од предизборната програма на градоначалникот Митко Јанчев. Проектот ќе трае до крајот на учебната година и ќе се реализира согласно претходно регулираните законски постапки за заштита на безбедноста и здравјето на учениците, изестија од Општината.

Фото: Фејсбук профил на градоначалникот Митко Јанчев

Информација и фотографии за реализација на проектот „Оброк за секое дете“ на Фејсбук сподели и градоначалникот Јанчев, а веста беше објавена и во дел од медиумите.

 

ИЗВОРИ: