fbpx

Одржана презентација и работилница за изработка на отворени образовни ресурси во ООУ „Браќа Рамиз и Хамид“

-

Во основното училиште „Браќа Рамиз и Хамид“ во Шуто Оризари, во четвртокот претставници на Фондацијата „Метаморфозис“ одржаа презентација и работилница заедно со дел од наставничкиот колектив во рамките на проектот „Отворени образовени ресурси“ (ООР). Преку презентацијата на концептите на ООР наставничкиот кадар се запозна со користа од примената на ваквиот концепт и погледнаа примери на редовно користење на отворените образовни ресурси во наставата. Така, наставниците добија појасна слика за ООР и се разви дискусија како тие може да ги користат овие предности при наставата во нивното училиште. Во рамките на работилницата, обучувачите покрај тоа што ги запознаа присутните со начините и алатките со кои може да создаваат отворени образовни ресурси, ист отака им посочија како да ги заштитат со Криејтив Комонс лиценци со цел нивно полесно споделување, но и заштита на дел од авторските права.

Работилницата беше од интерактивен карактер и сите присутни имаа можност да ги заштитат нивните образовни ресурси, како и да се обидат да создадат нови, кои се соодветно лиценцирани со Криејтив Комонс лиценците. Воедно, посебен осврт беше даден на создавање на Отворени образовни ресурси на јазиците на малцинските заедници, односно нивно создавање и споделување.

Проектот „Отворени образовни ресурси“ е поддржан од Фондацијата Отворено Општество – Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...