Од утре и во БиХ само со лична карта

На сила утре ќе стапи Договорот меѓу Советот на министри на БиХ и Владата на Република Македонија за условите за патување на државјаните од двете земји, со кој се овозможува државјаните на БиХ и на Македонија да влегуваат во другата земја само со лична карта.

Со оваа новост, македонските државјани сега само со лична карта можат да патуваат сè до границите на Хрватска, односно само со овој документ може да се влезе на териториите на Албанија, Косово, Црна Гора, Србија и БиХ.

Документот го потпишаа министрите за надворешни работи на БиХ и на Македонија, Игор Црнадак и Никола Димитров на 12 март годинава.