Нови можности за младите: Летни претприемачки обуки „Зграпчи го летото“

Младите ова лето во Македонија ќе имаат можност во периодот од 12 јули до 23 јули 2024 година, да ги развијат своите вештини и способности, со цел да може полесно наесен да пристапат кон пазарот на трудот

Младите ова лето кај нас ќе имаат можност во периодот од 12 јули до 23 јули 2024 година да ги развијат своите вештини и способности со цел да може полесно наесен да пристапат кон пазарот на трудот.

Преку промоцијата на обуката „Зграпчи го летото“, во партнерство со зелената програма за развој RECONOMY на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка, предвидени се неколку едукативни обуки.

Визијата е да се организираат четири едукативни обуки за 90 учесници, кои може да бидат студенти или невработени лица. Едукативната програма вклучува детална агенда во времетрање од 8 часа (еднодневна обука), односно 4 обуки кои ќе се одржат на 12, 16, 19 и 23 јули оваа година.

За пристапување кон програмата потребно е да се плати партиципација од 1290 денари, а место на одржување ќе биде Public Room во Скопје. Принципот на прифаќање на пријавените е прв дојден – прв услужен. Пријавените ќе бидат контактирани за потврда за присуство, но и за дополнителни насоки.

Обуките ќе ги разработат темите како да се започне бизнис, како да се развие бизнисот, да се креира маркетинг план, финансирање, продажбата, и дигитална трансформација во бизнисот.

Обуката ќе биде проследена од страна на Билјана Радоњанин, дипломиран економист, со дваесет годишно искуство во делот на економијата, односите со јавност, маркетинг, продажба и е-трговија.