Нови испрашувања и претреси за насилствата во Собранието

Тројца скопјани и еден виничанец се најновите лица повикани во СВР Скопје за да бидат испрашани во врска со насилствата во Собранието, по што биле ослободени. Во домот на уште еден скопјанец е извршен претрес, при што не се пронајдени докази, па и тој е на слобода.

Како што соопшти СВР Скопје, за сите пет случаи до Јавното обвинителство ќе бидат доставени поднесоци.

Вчера за насилствата во Собранието биле испрашувани Д.М. (28) од Виница, како и И.П. (39), З.З.(47) и Н.П. (37), сите од Скопје. Претрес во дом и други простории е извршен за Ј.Л. (41) од Скопје.