Нови 36 случаи на ковид-19 од 3.569 тестирања, оздравени 12 болни, нема починати

Фото: Mufid Majnun на Unsplash

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.569 тестирања, а регистрирани се 36 нови случаи на ковид-19: Куманово – 15, Скопје – 7, Тетово – 6, Гостивар – 2, Прилеп, Велес, Штип, Струмица ,Кочани и Кичево – по 1.

Регистрирани сe 12 оздравени пациенти од: Тетово – 5, Скопје – 4, Битола – 2 и Свети Николе – 1.

Не се регистрирани починати пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.017, бројката на оздравени пациенти е 150.263, на починати е 5.489, а бројот на активни случаи изнесува 265.