Нови 183 случаи на ковид-19 од 1.466 тестирања, оздравеа 1.731 пациент

Фото: Арбнора Мемети

Во последните 24 часа има 183 нови случаи на заболени од корона вирус од направени 1.466 тестирања, соопшти Министерството за здравство. Од вкупната бројка, најголем дел од новозаболените се во Скопје-85. Потоа: Куманово-6, Тетово-10, Прилеп-7, Гостивар-6, Штип-3, Велес-4, Охрид-10, Струмица-3, Кавадарци-13, Струга-5, Кочани-2, Гевгелија-6, Неготино-4, Ресен-6, Радовиш-2,  Пробиштип-2, Богданци-2, а во Кратово, Дојран, Кичево, Свети Николе, Дебар, Делчево и Битола се пријавени по еден заболен од ковид-19.

Институтот за јавно здравје регистрира 1.731 оздравени пациенти во последното деноноќие, од: Скопје-983, Куманово-57, Тетово-98, Прилеп-5, Гостивар-87, Штип-23, Битола-60, Велес-62, Охрид-25, Струмица-60, Кавадарци-36, Струга-21, Кочани-24, Кичево-28, Свети Николе-9, Гевгелија-18, Неготино-29, Дебар-6, Ресен-16, Крива Паланка-10, Радовиш-4, Берово-4, Делчево-10, Пробиштип-2, Виница-13, Валандово-7, Демир Хисар-5, Богданци-5, Македонска Каменица-12, Демир Капија-9, Пехчево-1 и Дојран-2.

Починати се 6 лица, еден пациент од Скопје (90г), еден од Куманово (51г), еден од Прилеп (77г), еден од Гостивар (71г) и два пациенти од Охрид (72 и 45г), сите во болнички услови.

Во моментов во Скопје има најголем број на зпријавени случаи од корона вирус, 39.426, од кои активни се 5.461, потоа е Куманово со 5.109 и активни 392 и Тетово со 5.031 пријавени лица од кои активни се 382.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 90.654, на оздравени пациенти е 78.154, на починати е 2.785, а бројот на активни случаи 9.715. Досега во земјата се направени вкупно 442.600 тестирања на ковид-19.