Нетанјаху: Убиството на палестинското бебе е терористички напад

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека пожарот кој го предизвикале еврејските екстремисти, а во кој загина палестинско бебе, претставува „терористички напад“.

Израелската полиција наведе дека еврејските екстремисти со „националистички мотиви“ се осомничени за подметнување на пожарот во селото Дума на Западниот Брег, во близина на градот Наблус.

– Израел води одлучна акција против тероризмот, без разлика кои се извршителите и ќе бидат искористени сите средства за напаѓачот да биде изведен пред лицето на правдата – рече Нетанјаху.