На Косово продолжува делењето совети за лукот како заштита од корона вирусот

Foto: Albin Kurti

Пораки за користење на лукот како заштита од новиот корона вирус се споделуваат насекаде на Фејсбук, а иста е ситуацијата и со жителите на Косово.

Еден од тие што делеле вакви пораки е и писателот, Даут Демаку, кој го искористил својот Фејсбук профил за да го пренесе овој совет во јавноста. Во видео запис објавен на неговиот Фејсбук профил тој напишал дека „лукот од Ораховац го чисти корона вирусот како со рака“.

Неговото видео било гледано 500.000 пати, а било споделено над 2.000 пати.

По големиот број написи во кои се препорачува употребата на лукот за спречување на корона вирусот, Светската здравствена организација претходно објави соопштение дека нема ниту еден доказ дека употребата на лукот може да ги заштити луѓето од новиот корона вирус.

Дрен Гргури