На 13 јули ќе се одржи првиот настан за промоција на јапонските видео игри

Настанот е од отворен тип, односно влезот е бесплатен

Фото: Фејсбук профил на „Пагода“

Организацијата за прoмоција на источноазиски култури во Македонија „Пагода“, во соработка со медиумот Комикс.мк, го најавуваат првиот настан за промоција на јапонските видео игри, насловен како JRPG (Јapanese role playing games). Овој настан ќе се случи на 13 јули во „BASE42“, со почеток до 19 часот. 

Во рамките на овој JRPG настан, предвидено е да има панел дискусија на тема „Од пиксел до полигон: Како JRPGs повторно го освоија светот”, со гости со огромно гејмерско искусто зад себе: Николај Јануше, Андреја Поповиќ, Рики Манасиев, Ангела Марковиќ Манасиева. Ќе бидат опфатени теми за тоа, што е JRPG и како е настанат терминот, потоа, што е разликата меѓу JRPGs и западни RPGs во минатото, теми околу западното влијание врз JRPGs и слично.

Исто така, ќе има и гејминг корнер, организиран од „Aнхоч“, „Гензис“ и „Принт&плај“, подготвен за тестирање на JRPGs на Плејстејшн 5, Нинтендо свич, ретро конзоли, но и друштвени игри со JRPG тематика.

Освен тоа, ќе има и катче за сликање, во кое гостите ќе имаат можност да се фотографираат со реквизити од JRPGs, во организација на Ива Стојческа и Даки Манасиев. Ќе има и натпревар за три најкреативни фотографии, кои по завршувањето на настанот ќе бидат наградени.

Ќе биде промовиран и Јутјуб каналот „FF Eorzian Reborn“, личниот канал на гејмерката Ангела Марковиќ Манасиева, на кој ќе бидат објавувани визуелизации, како и содржина од  „Final Fantasy“ музика.