МВР и Царинската управа запленија 860 килограми режан тутун од скопските пазари

Фото: Царинска управа

Одделението за истраги – Сектор за контрола и истраги при Царинската управа на Република Северна Македонија, Одделот за криминалистичка полиција при МВР и Пазарната инспекција, спроведоа заедничка акција против нелегална продажба на  режан тутун низ пазарите на територија на град Скопје.

Предмет на акцијата беше  контрола и заплена на производи кои нелегално се продаваат и коишто претставуваат акцизни добра.

Во акцијата се запленети 860 килограми режан тутун кој беше пронајден по пазарите и други магацински простории. Со ова се избегнати давачки во износ од 1.763.000  денари. Против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.