Меркел: ЕУ е подготвена да ги почне преговорите за Брексит

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Европската Унија е подготвена да ги почне преговорите со Велика Британија за нејзиниот излез од ЕУ.

– Ние од европска страна сме подготвени. Ќе видиме за другите – им изјави Меркел на новинарите по состанокот со претставниците на бизнис-секторот и на синдикатите.

Таа не сакаше да шпекулира за евентуалната промена во плановите на Лондон да ја напушти ЕУ, истакнувајќи дека Британците одлучиле и дека тие преговори мора да се водат.

Германскиот министер за надворешни работи, Зигмар Габриел, рече дека вратата на Европа ќе биде отворена за Британија и дека од британскиот народ ќе зависи дали сакаат да го променат своето мислење за Брексит.

– Сите имаме интерес да ја задржиме Британија што е можно поблиску до Европската Унија – рече Габриел.