Македонските државјани да избегнуваат патувања во или транзит во Израел, велат од МНР

Архива „Мета“

Министерството за надворешни работи сугерира на македонските државјани да избегнуваат патувања во или транзит низ Израел, имајќи ја предвид ескалацијата на безбедносната состојба во Израел.

„За македонските државјани затекнати во Израел, за сите дополнителни информации или помош да се обратат до Амбасадата на Република Северна Македонија во Тел Авив на мобилен +972549096965 или некој од SOS броевите објавени на веб страната на Министерството,“ се вели во соопштението на МНР.