fbpx

ЈП Лајка: Скопските општини не плаќаат за да се заловуваат уличните кучиња

Законот со кој треба да се регулира несовесното сопствеништво и граѓаните што фрлаат миленици, повеќе од четири години е во процедура за донесување, реагира ЈП Лајка

-

Проблемот со бездомните кучиња за кој сè почесто се говори не може да се надмине без системско решение, а законот со кој треба да се регулира несовесното сопствеништво и граѓаните што фрлаат миленици, повеќе од четири години е во процедура за донесување, реагира ЈП Лајка.

Оттаму додаваат дека јавната свест за вдомување бездомни кучиња во земјава е ниска, а јавното претпријатие кое треба да ги стерилизира кучињата е заглавено во стари долгови.

„Единствениот буџет кој го има е од Град Скопје, а скопските општини скоро воопшто не ги плаќаат средствата за кои имаат обврска да ги исплаќаат“, велат од ЈП Лајка.

Годишно, секоја од скопските општини има обврска да исплати по два милиони денари за ЈП „Лајка“. Но, од вкупно 10 општини во 2022 година средства исплатиле само 3, а за да има резултати Лајка треба да постапува во сите 10 општини.

„Ако сите општини си ги исполнуваат обврските, претпријатието ќе биде поефикасно. За жал сега штетата за каснување на територија на овие општини ја плаќаат ЈП „Лајка„ и Градот Скопје, а општините своите финансиски обврски не ги исплаќаат. Доколку сите 10 скопски општини си ги плаќаат обврските, претпријатието ќе работи сигурно и одржливо, а со тоа би се решил и проблемот со исплаќање оштети за каснување од бездомно куче“, велат од ЈЛ Лајка.

Оттаму додаваат дека состојбата се влошува со носењето на голем број бездомни кучиња со комбиња од другите градови во Скопје, затоа што на другите општини тоа им е најлесен и најевтин начин за справување со проблемот. За овој проблем има и пријави до Министерството за внатрешни работи, но досега немало никава интервенција од полицијата.

„Дополнителен проблем се и селските кучиња кои имаат неодговорни сопственици и кои ги пуштат слободно се парат. Без соодветно законско решение за регулирање на сопствеништвото сопствениците ниту мораат да ги регистрираат, ниту плаќаат пенали за штетата што ја предизвикуваат“, велат од јавното претпријатие.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Коце Трајановски ќе раководи со државните патишта, одлучи Владата

Коце Трајановски, поранешниот градоначалник на Скопје е назначен за нов директор на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Тој доаѓа на функцијата на местото на неговиот претходник, Ејуп Рустеми. Владата...