Израелски тенкови влегле во Рафах

Регистрирани се напади од тенкови, хеликоптери, дронови и артилерија во градот во Газа

Фото: Рафах | Bigles, CC0, Викимедија комонс

Израелските сили вчеравечер влегле во Рафах со тенкови. Во градот во јужна Газа биле забележани напади од тенкови, артилерија, хеликоптери и дронови, пренесува Гардијан.

Нападите врз Рафах изминатиот месец принудија околу милион луѓе да се иселат од градот. Повеќето од тие лица веќе биле раселени; Рафах инаку има население од околу 150.000.

Обединетите нации предупредија дека можно е повеќе од милион луѓе во Газа да се соочат со масовен глад до крајот на јули.

Американскиот претседател Џо Бајден го предупреди Израел дека САД би ја прекинале испораката на американско оружје во државата доколку израелските сили го нападнат Рафах, поради недостигот на соодветен хуманитарен план за раселените цивили во градот. Сепак, Израел пред повеќе од еден месец го започна својот напад во градот.

И покрај предупредувањата на администрацијата на Бајден, таа сè уште го нема сопрено протокот на оружје, тврдејќи дека Израел допрва треба да изврши „големи операции“.