Инцидентот во Лас Вегас не е терористички напад

Несреќатa во Лас Вегас, во која автомобил налетал на минувачи во централното шеталиште во градот, не е терористички напад, соопшти денеска полицијата.

Во несреќата најмалку едно лице загина, а 37 се повредени.

– Не станува збор за тероризам, тоа е исклучено – рече заменик-началникот на полицијата, Берт Зимерман, додавајќи дека возачот, можеби, намерно налетал на минувачите.

Очевидците велат дека зад воланот била жена.

Сообраќајот по инцидентот е затворен на булеварот Лас Вегас, популарна улица во градот познат како Стрип, каде што се наоѓаат најголемите казина и хотели.