Игрите „Outer worlds“ и „Thief“ се бесплатни на „Epic Games“ до четврток

Цените на игрите инаку се 60 евра за „Outer Worlds“ и 20 евра за „Thief“

Outer Worlds и Thief промоции / скриншот од Epic Games

Двете преработени игри „Outer Worlds“ и „Thief“ се бесплатни за превземање на „Epic Games“. Нормалните цени на игрите се 60 евра за „Outer Worlds“ и 20 евра за „Thief“, а ова се игри од познати фирми, односно од девелоперите Obsidian и Eidos напоредно. 

„Outer Worlds“ најчесто се споредува со игрите „Fallout“ и „Star Wars Knights of the Old Republic“ серијалот, бидејќи содржи слични елементи, а исто така и самиот вселенски брод во играта и придружниците потсетуваат на сетингот на тој од серијалот „Mass Effect“ серијалот, додека хуморот е и сличен и надреалистичен како во „Borderlands“.

Повелете и погледнете го трејлерот за играта: 

Играта е во „FPS“ преспектива и пукате со различни оружја, ја има и опцијата за успорување време како во „Fallout“ и потсетува и на познатата „Bullet Time“ каратеристика од серијалот „Max Payne“. Хуморот во играта е сеприсутен – дијалозите се иронични вицови кои допринесуваат за забавно поминато време во оваа игра. 

А ова е трејлерот за играта „Thief“:

Што се однесува до најновата верзија на оваа игра, се работи за стелт игра со интересни механики – на пример, покрај прикрадувањето во сенки, има ефект да чекорите полека по површини по кои не се слушаат чекори или пак можете да гасите факели по замоци што ги ограбувате со употреба на лак и стрели на кои има балончиња со вода.

Оваа игра беше впечатлив хит своевремено, а преработката, за жал, ги задржа и механиките кои не им се допаѓаат на повеќето гејмери. Сепак, гејмерите повеќе сакаат инстант акција, а стелт игрите бараат трпение, поголема концентрација и свесност за можностите што ги нуди околината, односно „читање на просторот” за следен чекор во нивото – што се вели, „играта сама ти го покажува патот”, но сатисфакцијата кога ќе се направи успешна мисија е поголема од едноставна акција што ја прави оваа игра и доста добра и денес и покрај негативните гледишта и критики за неа.

За да ги преземете овие две игри, ако немате кориснички профил на „Epic Games“ се регистрирате на главниот вебсајт и го симнувате „launcher-от“ за платформата и преку тоа ги земате игрите. Напоменуваме дека не мора да ги инсталирате за да бидат во вашата „библиотека” на игри на платформата – доволно е да им направите „claim” и е исто како да се купени бесплатно. Дефинитивно добра промоција на две супер игри – зграбете ги дури и ако не би ги играле веднаш.