Играта Marvel’s Midnight Suns е бесплатна на Epic Games уште неколку дена

Иако е turn based игра, системот со способности преку собирање карти не помина најдобро кај повеќето играчи. Сепак, трејлерот вклучува музика од рок бендот „Металика“ па вреди да се провери

Фото: midnightsuns.2k.com

Станува збор за екслузивна игра на бесплатна промоција од Epic Games. Marvel’s Midnight Suns е навистина добра но и скапа игра која во редовна продажба чини 60 евра. Играта не помина којзнае како на продажбите а излезена e пред две години. Тоа е затоа што иако е turn based, системот со способности преку собирање карти не помина најдобро кај повеќето играчи. Едноставно, ја сметаа за прекомплицирана. Трејлерот вклучува музика од рок бендот „Металика“.

Што се однесува до другите важни карактеристики на играта, во неа можете да станете пријатели и да имате романтични врски со другите ликови како во повеќето Bioware игри. Добри примери се Mass Effect серијалот и Dragon Age серијалот. Во играта има база каде се дружат суперхероите и прават активности како во „Сим игра“. 

Најрекламиран лик во оваа игра е несомнено Вулверин којшто го има својот класичен костим во нова варијанта, а како позитивен исклучок го има и Блејд -афроамериканецот наречен „дневен шетач“. Овој лик во стриповите беше цртан со афро фризура, а актерот Весли Снајпс го популаризира преку серијалот филмови за ликот, што практично беше меѓу првите Марвел филмови. Интересен факт е дека овој актер толку се внесол во улогата што инсистирал да му се обраќаат со Блејд на сетот на филмот. Важно е да се напомене дека Блејд долго време го немаше во Марвел игрите со суперхерои. 

Играта како и секоја друга turn based игра е заразна иако е само Single Player. За други Марвел игри имаме повеќе написи овде