Германскиот Бундестаг го ратификуваше Протоколот за членство на државата во НАТО. Германија стана 16. држава од 29 земји-членки кои го официјализираа пристапувањето во најголемиот воено-политички сојуз во светот.
Владата на Германија изразува убеденост дека приклучувањето на Република Северна Македонија кон НАТО ќе значи придонес кон безбедноста и стабилноста во евроатлантскиот простор.
На ратификацијата на членството се спротивставија популистичката Алтернатива за Германија (АфД) и Левицата.
Претходно и Норвешка го ратификуваше протоколот за влез на државата во НАТО.